Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВЕШТАК НА ОДБРАНАТА ТВРДИ ДЕКА ОНКОЛОШКИТЕ ЛЕКОВИ СЕ ДАВАНИ СОГЛАСНО ЕВРОПСКИТЕ ПРОТОКОЛИ Обвинителството ги оспори неговите заклучоци
Македонија

ВЕШТАК НА ОДБРАНАТА ТВРДИ ДЕКА ОНКОЛОШКИТЕ ЛЕКОВИ СЕ ДАВАНИ СОГЛАСНО ЕВРОПСКИТЕ ПРОТОКОЛИ Обвинителството ги оспори неговите заклучоци

05/10/2026

AA

Обвинителството ги оспори заклучоците на вештакот на одбраната Владимир Даниловски за терапијата на онколошките пациенти на денешното вкрстено испрашување во Основниот кривичен суд во Скопје каде продолжи судењето за случајот „Онкологија“.

На судењето кое се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за Несовесно лекување пациенти, Обвинителството поставуваше прашања за дозирањето и третманот на конкретни онколошки пациенти со лекови и со терапија. Вештакот нагласи дека лековте се дадени согласно европските протоколи. На најголем дел од прашањата нагласуваше дека тоа се онколошки прашања и дека останува на тоа што го дал како мислење.

Даниловски, за конкретен пациент рече дека со дадената терапија контролата и преживувањето било 38 месеци, додека за таква состојба на пациенти просечното преживување со модерна системска терапија е 16 до 24 месеци.

На прашање дали му е познато каде во светот во последните 30 години се користеле цитостатици во третман на канцер на црн дроб, вештакот одговори дека не му е познато.

Прашан дали му е позната токсичноста на комбинираната терапија, вештакот рече дека доколку има несакани ефекти истите треба да се докажаат, дали со токсични анализи и лабораториски параметри или оштетени органи, нагласувајќи дека „секој лек има несакани ефекти, не само онколошките лекови“.

Обвинителството, бараше вештото лице да образложи врз основа на кои официјални протоколи го темели своето давање заклучоци за конкретната употребена терапија дека е правилна.

– Ова вешто лице, ако го видите неговото излагање, дава заклучоци, меѓутоа не се произнесува од каде го извлекува заклучокот и сметам дека ова е многу битно да го одговори – појасни обвинителката.

Прашан како го коментира давањето конкретна онколошка терапија, вештакот Даниловски рече „тоа најдобро може да го одговори конкретниот онколог, кој имал директен увид во здравствената состојба на пациентот“.

– Тоа е мое лично согледување и го базирам на мојата долгогодишна лекарска пракса во регионален центар за хронична хемодијализа во Гостивар – изјави Даниловски.

Адвокатот Боби Спирковски, бранител на поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, во изјава за медиумите реагираше дека вештото лице од областа на судската медицина е повикано да одговори на клучното прашање за кривичната одговорност во случајот „Онкологија“ – дали дадената терапија ја влошила состојбата на пациентите или предизвикала нивна предвремена смрт, а не да се води стручна дебата за изборот на лекови.

Според Спирковски, прашањата околу тоа кој лек требало да се даде се прашања за медицински конгреси, а не за утврдување кривична одговорност во судска сала.

– Вештото лице од судска медицина одговара за сите пациенти на клучното прашање: дали дадената терапија ја влошила состојбата на пациентот или ја забрзала неговата смрт? Тоа е специјалноста на судската медицина. Кривично се одговара ако лекот што сте го дале му причинил штета на пациентот, му ја влошил состојбата или предизвикал смрт. Ако за тоа нема докази и причинско-последична врска, тогаш ваквите прашања тотално не одговараат на суштината на спорот. Овде утврдуваме кривична одговорност, а не сме на конгрес – изјави Спирковски.

Тој исто така го оспори учеството на доктор Милан Ристовски како технички советник на Обвинителството, обвинувајќи дека лице коешто веќе поднело кривична пријава во полиција против колегите не може суштински да биде објективен советник во постапката.

Случајот го води судијката Снежана Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Марија Ѓоргева од ОЈО Скопје.

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев и уште двајца онколози – Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, се обвинети за Несовесно лекување пациенти. Постапката почна против уште еден онколог, второобвинетата Мери Пешевска, која призна вина и судот ја осуди на 2 години условна казна затвор.

Обвинението ги товари лекарите за продолжени тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување, при што кај вкупно 47 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна процена на здравствената состојба.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЧЕТВОРИЦА БИТОЛЧАНИ СЕ СТЕПАЛЕ ВО КАЗИНО Го нападнале и обезбедувањето

05/10/2026
Македонија

5.628 ЛИЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО ОПЕРАЦИЈАТА „ЧИСТАЧ“ Полицијата приведуваше

05/10/2026
Македонија

СОНЧЕВО И ТОПЛО ДО ЧЕТВРТОК, ОД ПЕТОК ВРНЕЖИ Потоа следува

05/10/2026
Македонија

ВЕШТАК НА ОДБРАНАТА ТВРДИ ДЕКА ОНКОЛОШКИТЕ ЛЕКОВИ СЕ ДАВАНИ СОГЛАСНО

05/10/2026
Македонија

ДВЕ ДЕЦА ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ КАЈ КУМАНОВО Жена со „пежо“ излетала

05/10/2026
Македонија

ОТВОРЕНА ГРАДИНКА ВО ПРШОВЦЕ ЗА 147 ДЕЦА Со пари од

05/10/2026
Македонија

НОВИ АПСЕЊА ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА Две лица се приведени за

05/10/2026
Македонија

АКО ОПОЗИЦИЈАТА ПОБАРА ИЗБОРИ, ВЛАДАТА ЌЕ ОДГОВОРИ СООДВЕТНО Мицкоски сака

05/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45988
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЧЕТВОРИЦА БИТОЛЧАНИ СЕ СТЕПАЛЕ ВО КАЗИНО Го нападнале и обезбедувањето

05/10/2026

Во 03:15 часот рано изутринава во казино на улица Димитар Илиевски Мурато во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги

5.628 ЛИЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО ОПЕРАЦИЈАТА „ЧИСТАЧ“ Полицијата приведуваше дилери и насилници, пресечени и

05/10/2026

Повеќе од 5.600 лица се лишени од слобода, поднесени се 1.135 кривични пријави, а полицијата извршила 1.158 претреси на домови

СОНЧЕВО И ТОПЛО ДО ЧЕТВРТОК, ОД ПЕТОК ВРНЕЖИ Потоа следува пад на температурите

05/10/2026

До четврток во земјава ќе се задржи сончево и релативно топло време, а од петок се очекува промена на временските

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy