
ВЕРУВА ДЕКА ИСЕЛЕНИЦИТЕ ЌЕ СЕ ВРАТАТ: Вучиќ најави просечна плата од 1.000 евра
Просечната плата во Србија идната година ќе надмине 1.000 евра. Ветување за зголемување на платите даде претседателот Александар Вучиќ.
„Очекувам дека нивото на месечната плата во Србија во март ќе биде околу 840 евра, а можеби и 845 евра, во декември ќе биде околу 955 евра. Следната година ќе надмине 1.050 евра. Верувам дека за година и два месеци ќе ја надминеме оваа волшебна бројка од 1.000 евра просечна плата“, рече Вучиќ при посетата на ремонтот под Мостарската клучка во Белград.
Вели дека кога просечната плата во Србија ќе достигне 1.000 евра, иселениците ќе почнат да се враќаат во земјата.
„Ги гледам нашите луѓе во Виена, каде што имам многу пријатели и познаници. Оние кои имаат пекари и ресторани се потешко плаќаат даноци – сите сметки се двојно или тројно зголемени. Ќе се бориме нашиот народ да се врати“, рече Вучиќ.