
Велосипедист висеше на мост по голема несреќа – погледнете ги хаотичните сцени од Франција
На втората етапа на велосипедската трка Етоал де Бесеж во Франција, на 24 километри пред целта се случи несреќа.
Малиот мост се покажал премногу тесен за секој што се обидувал да го помине, што резултирало со голем судир.
Во ова најлошо помина Французинот Валентин Ферон (24), кој остана да виси на ѕидот од мостот од десната страна. Ферон за малку ќе паднеше во провалија, но со помош на Аксел Лараунс успеа да се спаси.
„Беше малку напнато. Направив се што можев за да го избегнам падот, но тоа беше неизбежно. Потоа одеднаш се најдов со рацете на ѕидот и нозете во воздух. Не знам ни како. За среќа, Аксел ми помогна многу да се вратам на пат и му благодарам за тоа. Моите колена се само малку повредени“, изјави Ферон.
На крајот немаше доволно амбулантни возила за сите повредени велосипедисти, па организаторите мораа да застанат и да ја откажат трката.
💥Dura caída masiva en la Etapa 2 de la Etoile de Bességes 2023 🇫🇷 #EDB2023 #EtoiledeBesseges #Ciclismo #Noticiclismo pic.twitter.com/mgS9e2HVXX
— NotiCiclismo ➡ 🇪🇸 #VCV2023 (@Noticiclismo1) February 2, 2023