Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Величковски: Доста е од влечење „туѓ багаж“, време е за нов политички пресек!
Македонија

Величковски: Доста е од влечење „туѓ багаж“, време е за нов политички пресек!

21/04/2026

AA

Лидерот на Движењето за Нова Република, Ивон Величковски, вели новиот политички пристап е базиран на пресек со минатото и конкретни мерки против корупцијата, оценувајќи дека државата со години се врти во „затворен круг“.

Во гостување во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.мк, Величковски посочи дека формирањето на новото движење произлегло од потребата за одговорност и нов почеток.

„Мораше да помине период во кој што сопствената грешка… морав да ја ставам на увид на сите и таа одговорност се понесува“, изјави тој, потсетувајќи на неуспешниот самостоен настап во 2016 година, по што поднел оставка од лидерската позиција во Либералната партија.

Тој нагласи дека одлуката да се создаде нова политичка структура е резултат на несогласување со постојаното коалицирање.

„Инсистирањето да се оди цело време со некого во коалиција за мене не беше прифатливо… сакавме да направиме нешто ново и да не влечеме туѓ багаж“, рече Величковски.

Како клучна разлика, тој ја посочи конкретната политичка понуда, структурирана во девет приоритети, меѓу кои доминираат антикорупциските мерки.

„Инсистираме на законски решенија за ветинг… не само во правосудството, туку и во партиите, безбедносните органи, дипломатијата и медиумите“, истакна тој.

Дополнително, Величковски предложи отворање на досиејата, како и проширена конфискација на нелегално стекнат имот.

„Не може поранешни функционери обвинети за корупција да ги префрлаат парите на блиски и потоа да ги користат“, нагласи тој.

Тој побара и проширување на рестриктивните мерки кон лица кои се на „црни листи“ на меѓународни партнери.

„Проширувањето мора да ги опфати и лицата означени од САД, ОК и Канада“, рече Величковски, додавајќи дека ваквите механизми веќе даваат резултати во регионот.

Во продолжение целата емисија:

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЛАДАТА БАРА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО

08/10/2026
Македонија

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ

08/10/2026
Македонија

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник

08/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ЛАЖЕ, ФОН ДЕР ЛАЈЕН ГО ДЕМАНТИРАШЕ СО ИЗЈАВАТА Реформите

08/10/2026
Македонија

ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА НА МОБИЛЕН ОД 28 ОКТОМВРИ

08/10/2026
Македонија

ЛОКАЦИЈАТА ЗА ДАТА-ЦЕНТАРОТ Е ИЗБРАНА, КАМЕН ТЕМЕЛНИК ДОГОДИНА Поплавата во

08/10/2026
Македонија

НЕ СЕ ТИЕ АЛТЕРНАТИВАТА, ТИЕ ЈА ВИТКАА КИЧМАТА Седум години

08/10/2026
Македонија

ХРВАТСКА, ШВАЈЦАРИЈА И РОМАНИЈА ПРИФАТИЛЕ РЕШЕНИЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ Николоски

08/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46069
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЛАДАТА БАРА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО Бугарија праќа мешани пораки за

08/10/2026

Бугарија ја упатува Македонија да го решава проблемот со уставните измени во Брисел, но кога македонската Влада ќе предложи разговори

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ СЕ ПЛАШИ ОД ИЗБОРИ Левица,

08/10/2026

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски при гостување на телевизијата Алсат М, прашан дали ќе има предвремени избори, уште еднаш повтори

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник снег на планините

08/10/2026

Времето во петок, 9 октомври, ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy