Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВЕЛЕШКИ „КРИСТАЛ“ УСПЕА ДА ИСКРИСТАЛИЗИРА ЧИСТА ДОБИВКА ОД 280 ИЛЈАДИ ЕВРА – еве што им го донесе профитот повисок за дури 200 проценти
Економија

ВЕЛЕШКИ „КРИСТАЛ“ УСПЕА ДА ИСКРИСТАЛИЗИРА ЧИСТА ДОБИВКА ОД 280 ИЛЈАДИ ЕВРА – еве што им го донесе профитот повисок за дури 200 проценти

27/02/2025

AA

Огромни приходи од 13,6 милиони евра и добивка од безмалку 300 илјади. Дали е
ова добар резултат, секако дека е, во услови кога чистиот профит покажува
зголемување за дури 200 проценти.

Компанијата која се занимава со производство на масло за јадење, но и со многу
други производи, како што е познатиот маргарин со истото име на пример, а тоа
е „Кристал 1923“, или доскорешниот „Благој Ѓорев“, ги објави своите финансиски
извештаи за работењето за минатата година.

Билансот на успех говори дека е остварена нето добивка од 280 илјади евра.
Или, имаме зголемување на чистиот профит за 200 отсто во однос на претходната
2023 година, и тоа секако е резултат за почит, бидејќи практично имаме тројно
зголемување на добивката.

Маслото за јадење немаше драматичен пораст на цената во минатата година, но
тоа веројатно не е причината што компанијата Кристал лани имаше благо
намалување на вкупните приходи, за 4,6 отсто, иако тие се повеќе од солидни и
изнесувале 13,6 милиони евра.

Но, ова благо намалување не се должи на приходите од продажбата, кои биле
13,5 милиони евра и кои во однос на истиопт период претходната годцина имаат
дури и минорно зголемување од еден процент.

Производите на Кристал на домашниот пазар одат одлично, а тоа го покажуваат
и пооделните билансни ставки. Имено, лани на домашниот пазар се остварени
најголемиот дел од приходите на тоа акционерско друштво, и тоа дури 12,1
милиони евра, што е пораст за 3 проценти во однос на 2023 година.

Но, затаиле странските купувчи, кај кои и онака оди помал дел од асортиманот на компанијата. Па така, лани за извоз отишле производи на
Кристал во вредност од 1,4 милиони евра, што е намалување во однос на
претходната година за дури 15 проценти.

Голем раст има кај приходите од залихи на почетокот на годината, кои се 2,2
милини евра и пораснале за 37 отсто, додека залихите на крајот на годината се
1,5 милиони евра и кај нив има намалување за 15 отсто.

А, иако се мали и незначајни, останатите приходи кои донеле прилив од околу
100 илјади евра, имаат и намалување за дури 68 проценти во однос на претходната
година.

Да ја погледнеме расходната страна.

Оперативните расходи се помали од приходите, иако не се мали, и тоа е
всушност главната причина зошто е оставрена солидна добивка, а тоа го констатира и самото АД во образложението на својот финансиски резултат.

Имено, компанијата лани потрошила 12,4 милиони евра, и тоа е снижување за
солидни 11 отсто во однос на 2023 година.

Дали е тоа домаќинување, секако дека е, бидејќи се успеало да се намалат
трошоците за суровини и други материјали, но можеби се должи и на нивните
намалени цени на пазарите, а веројатно тука имаат улога и поевтините енергенси.
Па така, за овој најголем трошок компанијата исплатила 9,5 милиони евра, но
кај нив намалувањето е за 13 проценти.

А, она што му дава уште еден „плус“ на ова претпријатие, е фактот што во
услови на намалување на речиси сите расходи, се зголемиле трошоците за
вработените, и тоа за 11 отсто. Односно, за нивните плати и надоместоци
компанијата издвоила 1,7 милиони евра, што е вториот најголем трошок, а
задоволни вработени, се и мотивирани работници.

Сето ова довело до оперативна добивка од 480 илјади евра, но после
плаќањето на многу поголемите финансиски расходи од приходите, и после
плаќањето на данокот на добивка, нето добивката е 280 илјади евра. Одличен
пораст за 200 отсто, од кој треба да биде задоволен менаџментот на компанијата.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДО 15 СТЕПЕНИ, А ПОТОА УТРИНСКИ МРАЗ Викендот носи утринска

04/11/2026
Македонија

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА БАРА КРЕАТИВНИ РЕШЕНИЈА ОД ЕУ Македонскиот идентитет не смее

04/11/2026
Македонија

📽️ „АЛБАНЦИТЕ НЕ ГИ ПУШТААТ ЖЕНИТЕ ДА СЕ БРУКААТ ПО

04/11/2026
Македонија

ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА МАНИПУЛАЦИИ СО Е-ИНДЕКСИТЕ ДОБИЈА ПРИТВОР Судот го прифати

04/11/2026
Македонија

СМРТНИ ЗАКАНИ, РАСПРАВИЈА И ПРИЈАВА ПРЕД ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Девојката

04/11/2026
Македонија

НА ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Ѝ ПРЕТХОДЕЛЕ СМРТНИ ЗАКАНИ И РАСПРАВИЈА

04/11/2026
Македонија

БРИСЕЛ ГИ ПРЕПОЗНА ЗАКОНСКИТЕ РЕФОРМИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО Позитивно оценети законите

04/11/2026
Македонија

КОРИДОРИТЕ 8 И 10 СЕ ВАЖНИ И ЗА ВОЕНАТА МОБИЛНОСТ

04/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46583
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДО 15 СТЕПЕНИ, А ПОТОА УТРИНСКИ МРАЗ Викендот носи утринска магла и минусни температури

04/11/2026

Времето в четврток, 5 ноември, ќе биде променливо облачно, во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА БАРА КРЕАТИВНИ РЕШЕНИЈА ОД ЕУ Македонскиот идентитет не смее да биде доведен во прашање

04/11/2026

Европската Унија треба да понуди креативни решенија за надминување на долгогодишниот застој во македонските евроинтеграции, без да се доведува во

📽️ „АЛБАНЦИТЕ НЕ ГИ ПУШТААТ ЖЕНИТЕ ДА СЕ БРУКААТ ПО КАФЕАНИ“ Петар Богојески им одржа

04/11/2026

Петар Богојески остана на ставот за машка контрола врз жените и во ново видео им се нафрли на мажите кои

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy