
Важно за прилепчани: Утре цел град останува без струја – еве во кој период
Жителите на Прилеп и околните приградски населби оваа недела (21 декември 2025) ќе се разбудат без електрична енергија. Од АД МЕПСО информираат дека целиот град ќе биде исклучен од мрежата во времетраење од четири и пол часа.
Прекинот на напојувањето ќе трае од 06:30 до 11:00 часот.
Причината за прекинот се планирани, но неопходни зафати за модернизација на електропреносната мрежа. Стручните екипи на АД МЕПСО ќе работат на терен на потегот помеѓу Битола и Прилеп.
Надлежните упатуваат апел до сите домаќинства и стопански субјекти (особено оние кои работат во недела наутро, како пекари и угостителски објекти) да имаат разбирање за прекинот.
Се нагласува дека овие зафати се од клучно значење за да се обезбеди сигурно и стабилно функционирање на електропреносниот систем во иднина. Според најавената динамика, точно во 11:00 часот се очекува напонот да биде повторно воспоставен.

