Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Важно: Колку месеци пред истекот на пасошот можете да патувате во странство?
Македонија

Важно: Колку месеци пред истекот на пасошот можете да патувате во странство?

19/07/2023

AA

Започнува сезоната на патувања, па прво нешто што треба да направите пред, да резервирате хотел или да купите билет, е да ја проверите важноста на пасошот и колкав е рокот на важност кој го бараат државите во кои планирате да патувате.

Според информации од Министерството за надворешни работи, потребната важност на пасошот варира во зависност од тоа која земја имате намера да ја посетите.

Ако патувате во земја членка на ЕУ и шенген зона, пасошот треба да е ви е со важност од најмалку три месеци од планираниот датум на заминување од ЕУ државата.

Сопствениците на биометриски пасош во шенген зоната може да останат максимум 90 дена од датумот на влез во државата во период од шест месеци т.е 180 дена.

За посета на државите кои не се членки на ЕУ, пасошот е потребно да ви е со важност од минимум шест месеци од денот кога ќе си заминете од државата.

За посета на соседната земја Србија како и Црна Гора, пасошот треба да ви е валиден за време на престојот до заминување од државата, без минимална важност од три или шест месеци. Додека за друга соседна земја која исто така не е во ЕУ – Албанија, пасошот треба да ви биде со важност од најмалку три месеци од датумот на напуштање од оваа држава.

За патување во САД пасошот треба да е со важност за периодот кој ви е предвиден за тамошниот престој. За да остварите престој во САД претходно е потребно да извадите виза.

Не заборавајте да извадите нов пасош на време, најдобро шест месеци пред истекување на рокот на стариот пасош, за да може без проблем да патувате во која било држава во светот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy