Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВАЖИ ЗА ЕДЕН ОД НАЈЛОШИТЕ РАБОТОДАВЦИ, А ИМА ПРИХОД ОД 10 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО ПОСЛЕДНИОТ КВАРТАЛ: Старбакс ги надмина очекувањата на аналитичарите од Волстрит
Економија

ВАЖИ ЗА ЕДЕН ОД НАЈЛОШИТЕ РАБОТОДАВЦИ, А ИМА ПРИХОД ОД 10 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО ПОСЛЕДНИОТ КВАРТАЛ: Старбакс ги надмина очекувањата на аналитичарите од Волстрит

03/11/2023

AA

Американскиот ланец на кафе „Старбакс“ во третиот квартал
забележа раст на глобалната продажба од осум отсто. Приходите се зголемија за
11,4 отсто во однос на минатогодишниот трет квартал на рекордни 9,37 милијарди
долари, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите од Волстрит.

Добивката беше 1,22 милијарди долари или 1,06 долари по
акција, по 878,3 милиони долари во третиот квартал минатата година.

За целата финансиска година „Старбакс“ предвидува раст на
профитот меѓу десет и 12 отсто во однос на минатата година, а растот на
приходите би требало да биде меѓу 15 и 20 отсто.

Акциите на Старбакс пораснаа за 10,42 отсто на 100,87 долари
на Њујоршката берза.

– Влегуваме во нова деловна година полна со макроекономски
неизвесности, но остануваме убедени во понатамошен раст и на домашниот и на
странскиот пазар, изјави главниот извршен директор на „Старбакс“ Лаксман
Нарасимхан при објавувањето на деловните резултати.

Продажбата и профитот се зголемија бидејќи клиентите
повторно беа подготвени да платат повеќе за пијалоци. Во Северна Америка,
продажбата од третиот квартал од минатата година е зголемена за осум отсто, на
други места во светот за пет отсто. Раст на продажбата од пет отсто е забележан
и на кинескиот пазар, по падот од 16 отсто минатата година поради строгите
мерки против корона.

План за раст на компанијата

Старбакс вчера
ја претстави најновата фаза од својот план да го поттикне растот на
компанијата, кој вклучува забрзување на глобалното влијание и намалување на
трошоците за 3 милијарди долари во следните три години. Компанијата соопшти дека планира да се прошири на 35.000 локации
надвор од Северна Америка до 2030 година. Старбакс моментално има приближно
20.200 меѓународни кафулиња, со повеќе од 38.000 од 1 октомври.

И покрај ваквите
импресивни финасиски резултати, Старбакс важи за еден од најлошите работодавци
во светот, поради што илјадници вреаботени организираа бројни штрајкови.

Ова беше и
причина, компанијата да најави покачување на платите. Последниот дел од
она што Старбакс го нарече „Повторно откривање на стратегијата за троен удар“,
објавен во четвртокот, повикува на зголемување на платите за баристите,
удвојувајќи ја нивната часовна заработка од фискалната 2020 година до крајот на
фискалната 2025 година. Тој скок ќе дојде од зголемен број на часови и плати
повеќе. Старбакс соопшти дека ќе сподели повеќе детали следната недела.

Соопштението доаѓа откако повеќе од 350 локации на Старбакс се членки на Синдикатот на Обединетите
работници. Синдикатот и НЛРБ
ја обвинија компанијата за кршење на федералниот закон за работни односи,
вклучително и незаконско задржување на зголемувањата на платите во синдикалните
кафетерии.

Извор: CNBC

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕМА ПОВРЕДЕНИ ВО ВОЗИЛОТО ШТО ИЗЛЕТА НА ПАТОТ СТРАЖА –

28/11/2026
Македонија

В НЕДЕЛА СНЕГ, ПОТОА ЌЕ СТЕГНЕ СТУДОТ Утрински температури од

28/11/2026
Македонија

ВОЗИЛО ИЗЛЕТА КАЈ ПАТОТ СТРАЖА-ГОСТИВАР Во тек е спасувачка акција

28/11/2026
Македонија

СКОПЈЕ ЌЕ ЈА ПРЕЧЕКА НОВАТА ГОДИНА БЕЗ ОГНОМЕТ НА ПЛОШТАДОТ

28/11/2026
Македонија

СЕ ЧИСТИ СНЕГОТ НА ПРЕВОИТЕ, ДЕЖУРНИТЕ НА ТЕРЕН Сите патни

28/11/2026
Македонија

БРУТАЛНОТО ПРЕТЕПУВАЊЕ ВО ГОСТИВАРСКО СЕ ИСТРАЖУВА КАКО УБИСТВО ВО ОБИД

28/11/2026
Македонија

СЕ ОТВОРААТ 1.200 РАБОТНИ МЕСТА СО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ПРИЛЕП

28/11/2026
Македонија

ЈА ТЕПАЛЕ И ПАРТНЕРОТ И НЕГОВИТЕ РОДИТЕЛИ Девојка на 19

28/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46983
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕМА ПОВРЕДЕНИ ВО ВОЗИЛОТО ШТО ИЗЛЕТА НА ПАТОТ СТРАЖА – ГОСТИВАР Автомобилот се движел со

28/11/2026

Нема повредени во возилото што вечерва излета на патниот правец од превојот Стража кон Гостивар, неофицијално дознава Плусинфо. Според првичните

В НЕДЕЛА СНЕГ, ПОТОА ЌЕ СТЕГНЕ СТУДОТ Утрински температури од -18 во среда

28/11/2026

Облачно време со повремени локални врнежи, претежно од снег, нè очекува утре, недела, 29 ноември. Во пониските места долж Повардарието

ВОЗИЛО ИЗЛЕТА КАЈ ПАТОТ СТРАЖА-ГОСТИВАР Во тек е спасувачка акција

28/11/2026

Возило се преврте на планински превој, во тек е акција за извлекување на повредените. Очевидци јавуваат дека сообраќајна незгода се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy