Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ватикан со нови информации: Осма ноќ во болница папата Франциск
Македонија

Ватикан со нови информации: Осма ноќ во болница папата Франциск

22/02/2025

AA

Папата Франциск, кој пред осум дена беше хоспитализиран поради воспаление на двете бели дробови, „добро се одмори“, објави во саботата Ватикан, иако сè уште постои загриженост за неговото здравје.

„Папата Франциск добро се одмори“, се вели во соопштението на Ватикан, откако еден од неговите лекари, професорот Серџо Алфиери, негативно одговори на новинарското прашање дали папата е надвор од животна опасност, на брифингот со новинарите одржан во петокот во болницата Гемели во Рим.

Тој објасни дека „во такви случаи постои опасност патогени да влезат во крвотокот и да предизвикаат потенцијално фатална сепса“.

Токму поради оваа причина, без разлика што е „малку подобар“ и не е приклучен на никаква опрема, оправдано е да го задржат во болница „барем следната недела“, рече тој пред толпата новинари. Тој додаде дека „ќе бидат потребни денови, па дури и недели, за да се види ефективноста на терапијата што се применува“.

Папата ги прима своите најблиски соработници во болница, чита, потпишува документи и телефонира.

Франциск беше хоспитализиран на 14 февруари, првично поради бронхитис, но Светата столица во вторникот откри дека тој развил пневмонија на двете бели дробови, потенцијално фатална инфекција на белодробното ткиво.

Неговата хоспитализација, четврта од 2021 година, предизвикува сериозна загриженост бидејќи папата е веќе ослабен поради низа здравствени проблеми што ги имаше во последниве години, од операција на дебелото црево и абдоминалната празнина до отежнато одење.

Бескорисни шпекулации

Загриженоста за здравствената состојба на Франциск, кој не се појавува во јавноста од 14 февруари, дополнително се засили со ширењето на лажни информации на социјалните мрежи, особено на Х, каде што неговата смрт се известува на повеќе јазици.

Ватикан не откри дали Франциск ќе може да ја води неделната молитва Ангел Господов од болницата во недела, како што правеше во минатото.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НИТУ ЕДНА ПАРТИЈА НЕ Е СОПСТВЕНИК НА ГЛАСОВИТЕ Вреди смета

02/11/2026
Македонија

НАЈМНОГУ ДОЖД НАВРНА ВО ГЕВЕЛИЈА – 29 ЛИТРИ НА КВАДРАТЕН

02/11/2026
Македонија

ВЛЕН КАКО ТРОЈАНСКИ КОЊ НА ДУИ ВО БРВЕНИЦА Владејачката ВМРО-ДПМНЕ

02/11/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА СДСМ КОГА ПРОПАЃАА БАНКИ, А НИВНИ МИНИСТРИ

02/11/2026
Македонија

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА Ѝ ЧЕСТИТАШЕ НА ЈОТОВА ЗА ПОБЕДАТА Со добра

02/11/2026
Македонија

БРВЕНИЦА ЗАСЛУЖУВА ПРОЕКТИ, А НЕ ПОДЕЛБИ Манасиевски порача дека продолжува

01/11/2026
Македонија

ДИК ГИ ОБЈАВИ КОНЕЧНИТЕ БРОЈКИ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Јахији

01/11/2026
Македонија

САМИ ПРОТИВ СИТЕ Мицкоски им порача на жителите на Брвеница

01/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46500
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy