
Вархеји: Лидерите на ЕУ јасно ја потврдија перспективата за членство на Западен Балкан
Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска изјави дека лидерите на Европската унија многу јасно ја потврдиле перспективата за членство на Западен Балкан и повикаа на забрзување на процесот на проширување.
Тој рече дека проширувањето на Европската унија повторно е на највисоката политичка агенда во Европа, што е многу важен сигнал дека наскоро и ќе дојде до проширување.
„Бидејќи новата геополитичка ситуација му дава поттик на процесот на проширување воопшто, мислам дека сите можеме да се согласиме за тоа“, рече Вархеји во Брисел.

