Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вархеји е оптимист за членство на земјава во ЕУ до 2030 година: Дадовме многу јасни и силни сигнали
Македонија

Вархеји е оптимист за членство на земјава во ЕУ до 2030 година: Дадовме многу јасни и силни сигнали

17/03/2023

AA

Еврокомесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеји денеска изрази оптимизам во однос на можноста Северна Македонија да стане членка на Европската Унија до 2030 година.

Вархеји, одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција во Скопје со премиерот Димитар Ковачевски и високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, истакна дека тој е секогаш оптимистичен во однос на членството во ЕУ, бидејќи тоа е всушност неговата работа.

-Како прво секогаш сум оптимистичен за членство во ЕУ. Тоа ми е дел од описот на работното место. Одговорот е да. Апсолутно сум оптимист. Кажавте 2030 година, тоа јас не можам да го кажам, може да биде порано, може да биде подоцна. Се зависи од испораката на реформите од страна на Северна Македонија. Ние од наша страна сметам дека дадовме многу јасни и силни сигнали, ако ги погледнете дискусиите на нашите шефови на влади и држави изминатите години ќе видите дека проширувањето е приоритет за нашите лидери и за ЕУ, рече Вархеји.

Еврокомесарот за проширување нагласи дека доколку Северна Македонија испорача и ги исполни условите за влез во ЕУ ќе има позитивни одлуки од страна на ЕУ.

Тој на прес-конференцијата истакна дека 16. Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација, кој прв пат се одржува во Скопје, го покажал високото ниво на ангажман, кое ЕУ го има со Северна Македонија и силните врски со земјата.

-Тоа исто така треба да се разбере како силен политички сигнал од нас, од ЕУ кон Северна Македонија, без разлика дали станува збор за спроведување на ССА, што е основата на нашите односи или пак станува збор за нашите економски, политички односи или, пак, е самата перспектива на државата насочена кон ЕУ. Тоа што го симболизира овој состанок е дека Северна Македонија ќе стане земја-членка на ЕУ, истакна еврокомесарот за проширување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy