Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вардар убедлив против домаќинот на отворањето на „Струшки турнир“
Спорт

Вардар убедлив против домаќинот на отворањето на „Струшки турнир“

16/08/2023

AA

Струга не му беше противник рамен на Вардар, па првиот меч од овогодишното 51. издание на ракометниот „Струшки турнир“ помина без возбудувања и изненадувања, со висока победа на фаворитот. Најтрофејниот македонски тим славеше со 29-17, тестирајќи го речиси целиот свој, подновен тим на отвореното игралиште „Горан Поповски – Бабец“, покрај езерото во Струга.

Епилогот на овој меч се виде уште по неколку минути во првото полувреме, кога Вардар поведе со 7-1. Оваа разлика ја негуваше до паузата, кога резултатот застана на 15-8 за 13-кратниот освојувач на турнирот.

Во вториот дел водството бргу стана двоцифрено со првите три гола на „вардарци“, па остатокот од мечот, тренерите Владо Недановски и Наум Танески го користеа за проверка на играчкиот кадар.

Се истакнаа голманите, Тутенковски кај Струга и Гогов кај Вардар со по осум одбрани во второто полувреме, при што домаќинот одбрани еден седмерец, гостинот три. Во првото полувреме Томовски запиша шест интервенции, а меѓу стрелците предводеше Ќосевски со пет, по него Срдановиќ и Петриќ со по четири, колку што имаше и најефикасниот „стружанец“, Бошњак.

 

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy