Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вардар триумфално се врати во Европа – прегазен исландски Валур! (ФОТО)
Спорт

Вардар триумфално се врати во Европа – прегазен исландски Валур! (ФОТО)

08/10/2024

AA

Поранешниот македонски и европски шампион Вардар тргна со победа во Европската лига на ЕХФ, откако вечерва во СЦ „Јане Сандански“ славеше со 33-26 против Валур.

Освојувачот на ЕХФ Купот за минатата сезона имаше солиден старт и водство од 2-0, но потоа Вардар ги презема работите во свои раце и почна да го полни голот на гостите од Исланд, па така предноста на „црвено-црните“ до крајот на првите 30 минути достигна плус осум (19-11).

Вардар го одржуваше водството и во вториот дел, додека Валур во последните 10 минути намали на пет голови негатива (21-26), меѓуто „црвено-црните“ не му дозволија на гостинот дополнително да ја намали разликата и триумфираа со 33-26.

Најдобри во редовите на скопскиот гигант беа Вуко Борозан и Марко Срдановиќ со по шест погодоци, додека голманот Мигуел Еспиња Фереира запиша 15 одбрани. На спротивната страна Магнус Оли Магнусон постигна четири голови, додека Бјоргвин Пол Густвасон запиша 18 интервенции.

Во вториот меч од групата Ф, Мелсунген славеше против Порто со 29-24, па така Вардар и бундеслигашот имаат по два освоени бода по првото коло.

Вардар во следното коло од елитното натпреварување ќе се соочи со Мелсунген на 15 октомври од 18.45 часот во Германија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Четири лица починаа од западнонилска треска, во Македонија 38 заболени

19/08/2026
Македонија

Осумгодишно дете повредено од барутни честички било донесено во Комплексот

19/08/2026
Македонија

Пожарот кај Чаниште и натаму активен, Ангелов: Селата засега не

19/08/2026
Македонија

Расчистени две измами во Охрид и Струга, двајца велешани осомничени

19/08/2026
Македонија

Авионска дезинсекција против комарци од утре, терестична од недела

19/08/2026
Македонија

Нови препораки за водоснабдувањето во Гостивар: Поголем надзор, контрола на

19/08/2026
Македонија

Запленети повеќе од 1,3 килограми златен накит од златарница во

19/08/2026
Македонија

Пациент од Охрид со владиниот авион итно пренесен во Берлин,

19/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45117
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Четири лица починаа од западнонилска треска, во Македонија 38 заболени

19/08/2026

Бројот на заболени од западнонилска треска во земјава продолжува да расте, а досега се регистрирани и четири смртни случаи. Според

Осумгодишно дете повредено од барутни честички било донесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“

19/08/2026

Осумгодишно дете од велебрдско било донесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје откако се здобило со повреди на раката

Пожарот кај Чаниште и натаму активен, Ангелов: Селата засега не се загрозени

19/08/2026

Пожарот кај прилепското село Чаниште, во Мариово, и натаму е активен, но во моментов не претставува директна опасност за населените

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy