
Вардар се збогуваше со четворица ракометари: Заминувате, но ќе останете во нашите срца!
Голманот Мартин Томовски, Марко Мишевски, Дарко Гукиќ и Мартин Карапелвски следната сезона нема да бидат дел од тимот на Вардар.
„Заминуваат од клубот, но секогаш ќе останат во нашите срца, и вратата секогаш ќе им биде отворена. Заедно минувавме и нив тешки времиња, и убави спомени ни остануваат. Во посакуваме многу успех во животот и кариерата. Еднаш вардарец – секогаш вардарец“, објави Вардар.