
Вардар рутински против „помладиот брат“ на Алкалоид
Вардар влезе фуриозно во натпреварот, мечот го почна со серија од 9-1, направи голема разлика и рано во мечот го остави противникот без надеж дека барем во одреден период ќе може рамноправно да парира.
Во продолжение на натпреварот Вардар ја одржуваше високата предност, највисокото водство им беше 15 голови разлика кога поведоа со 29-14. Во финишот Мулти Есенс успеа да ја ублажи негативата, конечниот резултат гласеше 33-24.
Најефикасен во составот на Вардар беше Матија Николиќ со осум голови, по пет реализираа Јагуриновски, Срдановиќ, Ѓукиќ и Георгиевски. Во составот на Мулти Есенс, најдобар беше Валентин Карасманакис со седум голови.
