Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ванковска: Ова однапред завршување на трката за готова го сметам за преурането
Македонија

Ванковска: Ова однапред завршување на трката за готова го сметам за преурането

25/04/2024

AA

Вечерва кандидатот за претседател на државата предложен од Левица, Билјана Ванковска пред партијата да излезе со индикации за тоа како се движат резултатите од денешното гласање изјави дека двојно зголемена излезноста во споредба со претседателските избори од 2019 година, зборува за поголемата понуда што ја имаа граѓаните, но и потребата на гласачите да го искажат својот глас. Оцени дека тоа што некои медиуми веќе ги соопштиле победниците не е демокраски однос.

-Може да се констатира дека се уште сме на ниво кога зборуваме за тоа дека кога нема поголеми нерегуларности ние сме среќни и задоволни дека денот поминал мирно без поголеми нарушувања. Останува нормално да се изанализираат оние нерегуларности, инциденти или случаи кои веќе беа нотирани за што секако и Левица ќе има свој став. Јас можам само да се заблагодарам на сите оние кои масовно излегоа денес. Практично, ако не се лажам во бројките, некаде во 17 часот беше двојно зголемена излезноста во споредба со претседателските избори од 2019 година, што зборува од една страна за поголемата понуда што ја имаа граѓаните, тогаш беа тројца кандидати, сега сме седуммина, меѓутоа претпоставувам дека станува збор и за зголемена побарувачка кај граѓаните, односно можност и потреба да го кажат својот глас, да го изразат своето мислење во однос на тоа каде се движи државата, рече Ванковска.

Изрази жалење што, како што рече, се добива впечаток дека во земјава се одвиваат два паралелни изборни процеси, бидејќи двајцата противкандидати од албанскиот блок, како да се натпреварувале меѓу себе околу тоа како поминале и како тоа ќе се рефлектира на парламентарните избори. Според неа, би било подобро кога сите кандидати би се обраќале на целата јавност.

Во однос на македонскиот блок, таа забележа дека некои медиуми веќе ги прогласиле победниците во првиот круг од изборите за претседател, што покажува фаворизирање и смета дека тоа не е демократско однесување.

-Тоа ме враќа малку на мојата прва прес-конференција, тоа беше на 7 февруари кога Левица ја објави намерата да собира потписи и едно од првите прашања беше кому Ванковска ќе му ги даде гласовите во вториот круг. И тоа прашање очигледно ме следи се до завршувањето на првиот овој изборен ден. Повторно велам фаворитите се наводно утврдени што малку ја убива возбудата кај граѓаните и верувам дека мнозина од нив тргнале со намера да дочекаат изненадување. Не зборувам само за мене, туку за кој било од противкандидатите, така што мислам дека тоа повторно покажува фаворизирање она што постојано го потенцирам дека кога медиумите дури и наводно анализираат или покануваат аналитичари еден од штаб, друг од другиот штаб создаваат претстава кај граѓаните дека сите други се аутсајдери, маргиналци, луѓе кои залутале во политиката што не е баш демократски однос би рекла кон сите нас, вели Ванковска.

Таа очекува дека поголемата излезност ќе значи и поголем број гласови за неа.

-Ќе почекаме да ги видиме резултатите. Ние се надеваме дека големата излезност значи повеќе гласови за мене како претставник на Левица и воопшто како човек кој ми се чини дека допре до поширок круг на граѓани не само до поддржувачите на Левица и не само до младите, туку една поширока структура барем од она јас што го имав како контакт жив со мнозина. Велам да почекаме уште малку па ќе правиме вистински анализи. Ова однапред завршување на трката за готова го сметам за преурането, вели претседателскиот кандидат на Левица Ванковска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy