Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Норвешка донира 76 моторни возила за македонската Армија
Македонија

Норвешка донира 76 моторни возила за македонската Армија

25/04/2024

AA

Донацијата составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден во Скопје.

На церемонијата на која беа изложени добиените 76 моторни возила, за значењето на донацијата се обратија министерката за одбрана Славјанка Петровска, амбасадорката на Кралството Норвешка за Северна Македонија, Кристин Мелсом, началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и бригадниот генерал Андрес Јернберг, командант на логистика на Вооружените сили на Кралството Норвешка.

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска во своето обраќање истакна дека  денешниот настан најдобро го отсликува цврстото сојузништво помеѓу Северна Македонија и Кралството Норвешка и дека одбранбена соработка е пример за сојузничка соработка и поддршка со која се зајакнува Армијата на Северна Македонија, а истовремено се зајакнува и мирот, безбедноста и стабилноста на Алијансата.

 „Оваа норвешка донација од 76 неборбени моторни возила, значително ќе придонесе за зголемување на транспортните можности на едниците на Армијата односно на нивната борбената готовност. И јас како министерка, но и припадниците на Армијата и граѓаните на оваа држава, благодарни сме за вашата донација која доаѓа во прав момент и ќе овозможи значително зголемување на капацитетите на единиците на нашата Армија за извршување на нивните задачи, што директно ќе влијае и за постигнување на декларираното ниво на борбената подготвеност на претстојното оценување “, рече Петровска.

 Министерката посочи дека Норвешка е ценет, посветен и докажан пријател на Северна Македонија а областите во кои е воспоставена соработка и поддршката во градење на капацитетите особено во контекст на целите на способности на НАТО се бројни.

„ Заедно сме посилни, а поддржувајќи се едни со други како сојузници и пријатели можеме да изградиме посигурна иднина за генерациите што доаѓаат “, порача министерката Петровска.

Обраќајќи се пред присутните, амбасадорката Мелсом истакна дека меѓусебните дипломатски односи кои континуирано се подобруваат во последните 30 години, во последните години уште повеќе се зајакнаа и во воената соработка, особено по приемот на Северна Македонија во НАТО и посветеноста која ја покажуваме кон исполнување на вредностите на Алијансата.

„Ја гледаме не само воената опрема што и ја дадовте на Украина, туку и зголемениот број војници што ги имате распоредено во различни мисии. Вашата цел да распоредите 10% од вашата армиска структура е импресивна. Ова го гледаме на дело со вашите придонеси во мисиите на ЕУ, мисиите на НАТО, КФОР во Република Косово, учеството во Активности за зајакната будност во Романија и Бугарија, Зајакнато истурено присуство во Латвија и мисијата на ОН во Либан. Сето ова потврдува дека работите подеднакво како и сите други во Алијансата и Норвешка со гордост ве нарекува и сојузник и пријател.“ истакна амбасадорката Мелсом.

Генералот Јернберг го оцени овој ден од историско значење бидејќи ја одбележува најголемата донација на воена опрема што Кралството Норвешка ја има направено за некоја земја од Западен Балкан. Притоа тој истакна дека она што во меѓусебните разговори со нашите армиски претставници го има забележано е дека иако нашите земји се различни, како и армиските команди и воена организација се разликуваат, имаме заеднички логистички пристап и дека преку билатералната соработка кога станува збор за обезбедување на поддршка овозможува взаемно ефикасна, ефективна и поодржлива воена логистика.

Началникот на генералштабот, генералот Ѓурчиновски пред присутните изрази благодарност кон Кралството Норвешка, притоа истакнувајќи ја важноста на оваа донација за подобрување на армиските капацитетите преку значително подобрување на мобилноста на армиските единици во исполнување на задачите кои ни престојат. Притоа, зборувајќи за меѓусебната билатералната соработка кое Армијата ја има на ниво на началници на генералштабови тој ја истакна подршката од неговиот колега генералот Ерик Кристоферсон и Вооружените сили на Кралството Норвешка кои го имаат препознаено  нашиот придонес и поддршка која ја овозможуваме заедно со нашите НАТО сојузнооци за Украина. Говорејќи за важноста на донацијата рече дека е една од најголемите досега добиени, која не само што ќе ја подобри борбената готовност на Армијата, туку бенефит ќе имаат и граѓаните и институциите во државата.

Седумдесет и шесте моторни возила, од кои 36 се лесни пешадиски моторни возила од типот – Мерцедес Бенз 290 ГД и 40 товарни моторни возила камиони – Сканија П3, се последен од досегашните многубројни проекти на одличната соработка во одбранбената сфера помеѓу Република Северна Македонија и Кралството Норвешка.

Реализацијата на донацијата е иницирана кон крајот на 2022 година, на една од средбите помеѓу началниците на Генералштабови на двете Армии, генералите Ѓурчиновски и  Кристоферсен, кои разговори во контекст на значењето на мобилноста за Армиите и потребата за  зајакнување на транспортните капацитети резултираа со несебична поддршка во овој сегмент од Кралството Норвешка.

               Согласно планот за реализација во почетокот на оваа година тим од армиски специјалисти за оддржување имаше обука во Кралството Норвешка за запознавање со возилата и начин на нивно одржување, да веќе во месец март е пристапено кон доставување по морски пат до пристаништето во Солун, од каде на 18 и 19 овој месец се транспортирани до касарната Илинден.

Моторните возила ќе бидат распоредени во единиците во Армијата со што не само што ќе се зголемат транспортните можности и мобилност на единиците, туку и значително ќе се зголемат капацитетите на единиците за извршување на поставените задачи.

               Во досегашниот период, подршката од Кралството Норвешка во одбраната се реализира во повеќе начини, меѓу кои како позначајни се донацијата на полска болница со улога 2, експертска помош и советување; подршка на Регионалниот Центар за Односи со Јавност, регионалниот проект за напредно учење на далечина, потрошен медицински материјал за потребите на полската болница, донацијата на музички инструменти за потребите на воениот оркестар и друго.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кошта утре пристигнува на средба со Мицкоски

01/06/2026
Македонија

Маж ѝ истурил хемиско средство во очите на својата партнерка

31/05/2026
Македонија

Приведено лице баранo со судска наредба за криумчарење на мигранти

31/05/2026
Македонија

Алијанса за Албанците стана „Албанска лига“ – Села најави силна

31/05/2026
Македонија

Четири лица уапсени и еден извршен службен разговор по седум

31/05/2026
Македонија

Со тротинет удрил во пешак во Гостивар и избегал!

31/05/2026
Македонија

Филипче: Евроинтеграциите зависат само од власта, уставните измени не се

31/05/2026
Македонија

20 ученици со симптоми на стомачни тегоби: Се испитува дали

31/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43569
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кошта утре пристигнува на средба со Мицкоски

01/06/2026

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, оваа недела започнува нова регионална турнеја низ Западен Балкан посветена на проширувањето на Европската

Маж ѝ истурил хемиско средство во очите на својата партнерка додека биле во автомобил!

31/05/2026

На 30.05.2026 година во СВР Скопје, 37-годишна жена пријавила дека во близина на нејзиното работно место, додека била во возило

Приведено лице баранo со судска наредба за криумчарење на мигранти

31/05/2026

Денеска (31.05.2026) во 15:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, постапувајќи по судска наредба, го

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy