Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вања му рекла на Палчо: „Од тато пари не барај, не нè сака, мама душата ќе ја даде“
Магазин

Вања му рекла на Палчо: „Од тато пари не барај, не нè сака, мама душата ќе ја даде“

12/03/2025

AA

Драматично е  денеска на судењето за убиствата на Вања и на Панче, каде што исказ дава еден од обвинетите Велибор Манев. Од исказите прво му се слоши на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, а потоа при читањето на исказ се расплаче и една од обвинителките, па ја замени друга. 

Велибор Манев раскажа грозоморни детали околу тоа како било планирано киднапирањето на Панче Жежовски, а потоа и на Вања Ѓорчевска, и дека всушност целата операција не се одвивала според планот. Манев денеска кажа дека Панче требало да биде пикнат во дупка, и таму да седи 24 часа, а со неговото возило да се киднапира жена околу 40 години, и потоа да се побараат пари за откуп. Место неа, била киднапирана Вања, а Палчо ја застрелал со пиштол преку перница.

Обвинителката Жаклина Јосифовска на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски го читаше исказот на обвинетиот Велибор Манев дадено по неговото апсење. Тој, како и денеска, така и во 2023 година во исказот изјавил дека мислеле дека лицето што го киднапирале е возрасна жена, а не дете. Поради тоа што исказите на обвинетиот Манев на денот кога беа пронајдени телата не се поклопува со денешниот, обвинителството ги читаше првите два искази на Манев дадени во декември 2023 година.Во еден момент додека читаше, обвинителката Ана Стојковиќ-Димитриовска се расплаче, па продолжи со читање другата обвинителка Жаклина Јосифовска.

 Манев рече дека тој ја избрал локацијата за земунуницата во која беше закопан Жежовски и дека ја ископал со помош на Влатко Кешишев. Тоа било дури една година пред убиството на Жежовски и не претоставувал дека таа ќе биде искористена за убиство. 

„Да знаев дека е дете никогаш да прифатам“, се вели во исказот на Манев.

Палчо според исказот, ги знаел сите станари од зградата и дека се богати. Знаел и дека иако вратата од зградата има шифра, лесно се отвора со шрафцигер.

„Од Влатко имам слушнато дека Палчо разговарал со таткото на особата и оти се вика Александар. Кога Палчо разговара со некој не спомнува имиња туку говори: „Кај си друже“. Му верував на Љупчо иако сите бевме заслепени од него“, изјавил Манев пред две години. 

Кога излезе девојчето Боре ѝ рече: „Немој да викаш, ќе пукаме“. Ја сместивме, јас и ја врзав устата со лента. Со салотејп и ги врзавме нозете преку вреќата. Ѝ рековме: „Не викај, ќе те пуштиме по некое време.“ Таа само климна. Телефонот на девојчето Боре го скрши со чекан, ја извади и батеријата. Кога стигнавме Љупчо рече: „Ќе оди и таа“. Ја распраша каде и работат родителите и за дедо ѝ. И ги побара броевите и таа му ги даде. Ја праша и колку станови имаат.

„Од тато не барај пари, тој не нè сака, мама душата ќе ја даде, му рече таа на Палчо“, се вели во исказот на Манев.

По неколку момемти Палчо ја убил. Решен е проблемот, нема што да се секираш, ги тешел убиецот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СО АВТОБУС СЕ ЗАБИЛ ВО КАБИНА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН Косовец

09/02/2026
Македонија

Меморијален марш „Кети Милковска и 63 Ангели“ во Македонска Каменица

09/02/2026
Македонија

Стигна одлуката: Во Кочани ќе се гради спомен-обележје „Патека на

09/02/2026
Македонија

ШУГАТА НЕ ПОТЕКНУВА ОД ВЕЛЕШКАТА КАСАРНА Министерството за одбрана апелира

09/02/2026
Македонија

Уапсен маж од ресенско, мамел граѓани со наводни сообраќајни незгоди

09/02/2026
Македонија

Доживотен затвор за штипјанецот кој си ја уби сопствената мајка

09/02/2026
Македонија

Двајца 14-годишници повредени во несреќа со четирицикл кај Зајас

09/02/2026
Македонија

Ќе се купува нов државен авион? Томовски најави можност за

09/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41239
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СО АВТОБУС СЕ ЗАБИЛ ВО КАБИНА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН Косовец предизвикал несреќа на Долно Блаце

09/02/2026

Доцна синоќа во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Република

Меморијален марш „Кети Милковска и 63 Ангели“ во Македонска Каменица

09/02/2026

Хуманитарното здружение „Бели Гулаби“ ги повикува сите граѓани на 12-ти февруари да се приклучат на меморијалниот марш во Македонска Каменица

Стигна одлуката: Во Кочани ќе се гради спомен-обележје „Патека на бесконечноста за 63-те ангели“

09/02/2026

Родителите од Кочани информираат дека ја добиле одлуката за спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“, посветено на 63-те ангели. Како што велат,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy