Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вања Андонова од Струмица раскажува како е да се биде онколошки пациент: Чекање, недостаток на персонал и апарати – секојдневна битка за лекување
Македонија

Вања Андонова од Струмица раскажува како е да се биде онколошки пациент: Чекање, недостаток на персонал и апарати – секојдневна битка за лекување

19/02/2025

AA

Онколошките пациенти во Македонија секојдневно се соочуваат со тешки услови во здравствениот систем, од долги чекања до недостиг на персонал и медицинска опрема. Потресното сведоштво на пациентката Вања Андонова, која патува од Струмица до Скопје за терапија, ги открива суровите реалности со кои се соочуваат болните од рак.

„Станувам во пет наутро, будам дете од седум години, кое прашува зошто одам на болница додека е уште темно. Го оставам дома, како и другото дете, за да стигнам што порано – но ништо не оди брзо. Секое чекање трае со часови“, вели таа.

Еден од најголемите проблеми е тоа што цела држава се лекува на една онкологија во Скопје. Иако лекарите и медицинските сестри даваат сè од себе, нема доволно персонал. „Младите сестри заминаа затоа што работеа без плата и без решенија. Недостатокот на кадар е огромен“, додава Андонова.

На клиниката, пациентите прво чекаат во единствената лабораторија за крвни анализи, каде што се редат по стотина пациенти. Потоа, со резултатите, продолжуваат на дневната амбуланта, каде повторно чекаат ред. Укината е и амбулантата за инекции, па сите пациенти, и оние на хемотерапија и оние на инекции, чекаат заедно.

Недостигот на инфраструктура е уште еден сериозен проблем. „Нема доволно столици, ходниците се премали за бројот на пациенти. Некои од нас седат на скалите, затоа што тоа го налага ‘процедурата’ на лекување“, сведочи пациентката.

Голем проблем е и дијагностиката. Во земјата има само еден PET-скен апарат, од кој зависат многу животи. „Ако апаратот се расипе, чекаме со месеци. Ако нема реагенси, а често ги нема, пациентите се принудени да патуваат од град во град, да бараат врски за да направат снимање“, додава таа.

Андонова го завршува своето сведоштво со апел: „Во секој град треба да има соба за онколошките пациенти, а државата да обучи медицински персонал. Наместо да се трошат пари на луксуз, потребно е да се вложува во здравството, во човечки животи.“

Останува отворено прашањето – дали надлежните институции ќе преземат мерки за подобрување на состојбата или ќе продолжи агонијата на онколошките пациенти во Македонија?

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СО ГОДИНИ МЕСТЕЛЕ ПОДАТОЦИ ВО Е-ИНДЕКСИ, ЗАРАБОТИЛЕ 21.000 ЕВРА Под

04/11/2026
Македонија

ВО КУМАНОВКИОТ СУД ИМА НЕСОГЛАСУВАЊА, А НЕДОСТИГА КАДАР Судскиот совет

04/11/2026
Македонија

Кога ќе завршиме со битолска Алта банка, која е следна

04/11/2026
Македонија

СЕ ЖАЛЕЛЕ ДЕКА ИМААТ МНОГУ РАБОТА, А ОДБИВАЛЕ ДА СЕ

04/11/2026
Македонија

ЌЕ СЕ РЕФОРМИРА ИТНАТА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ Се подготвува и реорганизација

04/11/2026
Македонија

СИСТЕМИТЕ СЕ ЕЛЕКТРОНСКИ, НО ЗАД НИВ СЕКОГАШ СТОИ НЕКОЈ ЧОВЕК

04/11/2026
Македонија

ВОЗАЧИТЕ НАУЧИЈА КАДЕ СЕ КАМЕРИТЕ, НО СЕГА ЌЕ ГИ ДЕМНАТ

04/11/2026
Македонија

ВГОДИНА ПОЧНУВААТ ДИЈАЛОЗИ ЗА ПОСТЕПЕНА ИНТЕГРАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ЕУ

04/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46574
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СО ГОДИНИ МЕСТЕЛЕ ПОДАТОЦИ ВО Е-ИНДЕКСИ, ЗАРАБОТИЛЕ 21.000 ЕВРА Под истрага се двајца вработени на

04/11/2026

Двајца вработени на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип се осомничени дека со манипулации во електронскиот индекс незаконски стекнале околу 21.000

ВО КУМАНОВКИОТ СУД ИМА НЕСОГЛАСУВАЊА, А НЕДОСТИГА КАДАР Судскиот совет утврди дека судот е ажурен

04/11/2026

Судскиот совет го усвои извештајот од работната посета на Основниот суд Куманово, во кој се констатирани поделени ставови за управувањето

Кога ќе завршиме со битолска Алта банка, која е следна за пропаѓање?

04/11/2026

Битолска Алта банка не мора да биде уништена. Напротив. Постојат сите претпоставки – финансиски, институционални, правни – да се изврши

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy