
В сабота црковен помен за трагично настраданите во Кочани
Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 Кочани“ ја информира јавноста дека во сабота, 13 септември 2025 година, нема да се одржи редовниот „Марш на ангелите“.
Наместо маршот, ќе биде извршен црковен помен на вечните почивалишта, по повод навршувањето шест месеци од трагичната смрт на децата кои го загубија животот во несреќата што ја потресе целата јавност.
Од здружението изразуваат благодарност за разбирањето и повикуваат граѓаните со почит да им се приклучат на молитвениот чин.
