Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДУИ: Заробувањето на Владата од „Српскиот свет“ ја загрозува државноста и евроатлантската иднина на земјата
Македонија

ДУИ: Заробувањето на Владата од „Српскиот свет“ ја загрозува државноста и евроатлантската иднина на земјата

11/09/2025

AA

Демократската унија за интеграција со голема загриженост ги следи последните случувања поврзани со засилувањето на политичкото и културното влијание на „Српскиот свет“ во Северна Македонија, преку отворената поддршка од актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Иван Стоилковиќ.

„Јавноста имаше можност јасно и отворено да види дека:

• На територијата на Северна Македонија сѐ почесто се одржуваат манифестации организирани од Белград, на кои се промовираат историски наративи за „Стара Србија“ и таканаречените „српски ослободители“, со што се навредуваат идентитетот и државноста на земјата.

• Такви прослави и чествувања се организираат дури и на истиот ден со државните празници на Северна Македонија, конкретно на Денот на независноста, создавајќи апсурд на две паралелни „независности“.

• Со поставувањето спомен-плоча за српскиот војвода Вук, како и со учеството на српски паравоени структури на овие манифестации, отворено се легитимира српскиот шовинизам, додека истата влада на ВМРО со хистерија се спротивставува на секој обид на Албанците да подигнат сопствен споменик.

Сето ова се одвива со официјално присуство на претставници на државата и под сенката на таен договор со Србија – договор кој никогаш не бил објавен, ниту пак поминал во Парламент.

ДУИ предупредува дека овој двоен стандард – каде за односите со Бугарија се крева паника, додека за односите со Србија се затвораат очите пред отворениот историски ревизионизам – претставува закана не само за државниот интегритет, туку и за евроатлантската перспектива на земјата.

Особено загрижувачка е улогата на заменик-премиерот Иван Стоилковиќ, кој уште од почетокот на 90-тите години бил противник на независноста на Македонија, а денес, со својата антиалбанска и антибугарска реторика, делува како гласноговорник на интересите на „Српскиот свет“ во Скопје.

ДУИ бара итна транспарентност и прекин на секоја форма на легитимирање на српските обиди за историски ревизионизам во земјата, како и враќање на фокусот на Владата кон вистинските државни приоритети – европската интеграција и гарантирањето на меѓуетничката еднаквост.

Демократската унија за интеграција ќе остане непоколеблива во одбраната на интересите на граѓаните и евроатлантската иднина на Република Северна Македонија“, велат од ДУИ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ

13/10/2026
Македонија

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените

13/10/2026
Македонија

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО

13/10/2026
Македонија

СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ДОНЕСЕ СТУД Променливо облачно и постудено

13/10/2026
Македонија

НИКОЛОСКИ ОЧЕКУВА СОФИЈА ДА ЈА ИСПОРАЧА МИХАИЛОВА Најголемиот проблем е

13/10/2026
Македонија

РАБОТОДАВЕЦОТ НА ЗАГИНАТИОТ ДУРМИШИ БАРА ПРАВДА „Михаилова мора да одговара

13/10/2026
Македонија

АЗИЗИ, ПЕЛИВАНОВ, РАИЧЕВИЌ, ХАЏИ ВАСИЛЕВА И ЦВЕТАНОВСКИ ВО ТРКА ЗА

13/10/2026
Македонија

ОД БРЕМЕНОСТА ДО ПРВИТЕ ЧЕКОРИ НА БЕБЕТО „Матрона“ и dm

13/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ ПОСАКАТ ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ Во

13/10/2026

Доколку се врати апетитот за проширување во 5 до 6 поголеми земји членки на Европската Унија, прашањето со Бугарија нема

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените што се соочуваат со рак

13/10/2026

  Во Офицерскиот дом во Битола вечерва се одржа настан „Розов пулс за Битола“ со цел подигнување на свеста за

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Истрагата ќе открие како

13/10/2026

Обвинетата Ива Михаилова, која викендов се појави на медиумите во Бугарија, нелегално ја напуштила државата, а истрагата ќе покаже како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy