Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 В ЧЕТВРТОК ИЗБОРОТ Е МЕЃУ „ВРАБЕЦ ВО РАКА“ И „ГУЛАБ НА ГРАНКА“ Власта ги повикува синдикалците да ги прифатат понудените 40%
Македонија

В ЧЕТВРТОК ИЗБОРОТ Е МЕЃУ „ВРАБЕЦ ВО РАКА“ И „ГУЛАБ НА ГРАНКА“ Власта ги повикува синдикалците да ги прифатат понудените 40%

03/02/2026

AA

Очекувам во четврток оние 7.700 вработени и нивните претставници да дојдат во Владата, да разговараат и на крај да го прифатат покачувањето од 40%“ – изјави Љупчо Пренџов пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување на ТВ 24 во емисијата „Анализа“.

Истовремено, ВМРО-ДПМНЕ со соопштение упати повик до Самостојниот синдикат на Македонија и до неговиот претседател Слободан Трендафилов, како што вели, „барем еднаш да го стави во предност интересот на граѓаните и работниците, да ја остави политиката на страна и да го прифати предлогот на Владата за работниците да добијат повисоки плати“.

„За да нема негативни ефекти, како економска криза, зголемување на инфлацијата, дупки во буџетите, единствено решение што моментно може да се примени е зголемување на минималната и на другите плати во април годинава за речиси 14%, кое до 2028 година ќе стигне до 40%. Во денари тоа претставува зголемување од над 10 илјади денари на платите во администрацијата за само две години“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот Пренџов во настапот на ТВ 24 нагласи дека инфлацијата сега, за разлика од изминатите години, е драстично намалена и дека преку дијалог со Владата, работниците во јавните сектори ќе го добијат покачувањето од 40%.

„Во поглед на државните вработувања коишто ги имаме, ние имаме политика на многу чесен однос кон секој еден синдикат којшто беше во Владата овие две години. Прво дојдоа преговори од образование добија кумулативно до крајот на нашиот мандат за 4 години околу 48%, потоа беа социјалните работници околу 20% покачување, исто околу 40% добија од здравството покачување на платите, 10% добија во МВР вработените, целосно се исплатени сите пари во рамките на одбрана и на Армијата“, рече Пренџов.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИДЕО Kоњ се струполи од изнемоштеност во скопско Маџари, сопствениците

05/02/2026
Македонија

Владата и УПОЗ се договорија за етапно зголемување на платите

05/02/2026
Македонија

ДОДЕКА БИЛ ДИРЕКТОР НА ВЛАДИНАТА СЛУЖБА ПЕЦЕ МИРЧЕВСКИ ДОБИЛ ВОЗИЛО

05/02/2026
Македонија

„Неписменоста не смее да биде изговор“: Јаневска: Доволно е основно

05/02/2026
Македонија

„Бараа дали сме носеле бомби“ – Полицијата утрово ги проверуваше

05/02/2026
Македонија

„СЕ РАЗБУДИВ НА ПАРКИНГ, РЕЧИСИ ЗАДУШЕНА“: Сведоштвото на Сара за

05/02/2026
Македонија

ОД ХАОС ДО ОФАНЗИВА: Ѓорѓиевски вели ги намалил долговите на

05/02/2026
Македонија

РОМИТЕ ИМААТ МОЖНОСТ ДО 29 ГОДИНИ ДА ЗАВРШАТ ОСНОВНО ШКОЛО

05/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41077
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИДЕО Kоњ се струполи од изнемоштеност во скопско Маџари, сопствениците насилно го влечат да стане

05/02/2026

Скопјанка пренесува сведоштво за потресен и немил настан кој се случил денеска во населбата Маџари, во близина на пругите. Глетката

Владата и УПОЗ се договорија за етапно зголемување на платите во државната управа и правосудството

05/02/2026

Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), Трпе Деановски, по денешната средба со

ДОДЕКА БИЛ ДИРЕКТОР НА ВЛАДИНАТА СЛУЖБА ПЕЦЕ МИРЧЕВСКИ ДОБИЛ ВОЗИЛО ОД ФИРМА ШТО ДОБИЛА ТЕНДЕР

05/02/2026

Пеце Мирчевски, ексдиректор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во Владата, направил низа злоупотреби во Службата за време

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy