
Јужна Калифорнија погодена од невреме, Лонг Бич поплавен, патиштата затворени
Јужна Калифорнија ја зафати невреме пропратено со обилни дождови, што предизвика помали поплави и затворање на патиштата, а уште посилно невреме се очекува во текот на викендот.
Градот Лонг Бич, јужно од Лос Анџелес, беше еден од најтешко погодените од поплавите, а дел од автопатот и улиците под железничкиот мост беа поплавени.
Најмалку еден возач морале да го извлечат пожарникарите од поплавениот автомобил, пренесува Ројтерс.

