Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ужасот потврден: Вардар го има најлошиот старт на една сезона во – историјата!
Спорт

Ужасот потврден: Вардар го има најлошиот старт на една сезона во – историјата!

04/11/2024

AA

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, продолжува да поминува низ тежок период, па иако на почетокот на сезоната беа најавени стабилизација, буџет од еден милион евра и неколку странски засилувања – ситуацијата далеку од очекуваното подобрување.

Црвено-црниоте по вечерашниот пораз на гости кај Пелистер (0-1) го има својот најлош старт на една сезона во клупската историја. По 13 одиграни кола, тимот има само осум освоени бодови – резултат што го нема постигнато во ниту една од 31 претходна сезона во македонската елита. Со само две победи, две нерешени и девет порази, ова е најлошо остварување за вардарци и најава за грчевита борба за опстанок.

Во претходниот најлош старт, во сезоната 2010/11, Вардар имаше девет бодови по 13 натпревари и потоа испадна во Втората лига. И во неколку други наврати во последните деценија ипол имало лоши почетоци (никогаш со помалку од девет бодови), но разликата е што тогаш екипата поради финансиски проблеми или била составена од младинци, или во последен момент бил „скрпен“ некако тим микс на ветерани и таленти со цел само да се одигра. Овој пат, до црниот епилог е дојдено со седум странци во тимот, со потрошени 500.000 евра само досега (информации од клубот) и тоа во период кога македонскиот клупски фудбал е далеку послаб во однос на претходните времиња.

Колку за споредба, Црвена звезда има вкупно девет порази во последните осум години во Србија, Партизан има осум порази во цела мината сезона плус досегашнава, а Динамо Загреб има седум порази во цела мината сезона плус сегашнава. Вардар само во ова првенство веќе има девет порази на 13 средби.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТОШКОВСКИ НАЈАВИ ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ И НОВИ УНИФОРМИ ЗА ПОЛИЦАЈЦИТЕ Ќе

26/11/2026
Македонија

„ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ“ РАЗГЛЕДУВА НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА Николоски откри за

26/11/2026
Македонија

ОХРИЃАНЕЦ СИ ГО ЗАПАЛИЛ СТАНОТ, ОСУМ ЛИЦА ЗАВРШИЛЕ ВО БОЛНИЦА

26/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРВА ГО ЗАВРШИ ТЕХНИЧКИОТ ДИЈАЛОГ ЗА РОАМИНГОТ Мицкоски најави

26/11/2026
Македонија

📽️ ЗАЕВ СЕ ПОЈАВИ, НАВИСТИНА СЕ ПОЈАВИ Да се знае

26/11/2026
Македонија

КРИВИЧНИ ЗА ДИРЕКТОРОТ НА ИНСПЕКТОРАТОТ ЗА ШУМАРСТВО И ЛОВСТВО И

26/11/2026
Македонија

ПОПУСТИ ОД 5 ДО 50% ЗА СТУДЕНТИТЕ Апликацијата што ја

26/11/2026
Македонија

МАЛОЛЕТНИК ИМАЛ ПОЛОВИ ОДНОСИ СО ВОЗРАСНИ ЛИЦА ВО СТАН Случајот

26/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46948
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТОШКОВСКИ НАЈАВИ ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ И НОВИ УНИФОРМИ ЗА ПОЛИЦАЈЦИТЕ Ќе добијат и нови возила и

26/11/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најавува повисоки плати за полициските службеници, нови униформи, повеќе возила и подобри услови за

„ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ“ РАЗГЛЕДУВА НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА Николоски откри за што разговарале со германскиот телекомуникациски

26/11/2026

Неодамнешната владина посета на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија имала значајна политичка и економска димензија, со фокус на привлекување нови странски

ОХРИЃАНЕЦ СИ ГО ЗАПАЛИЛ СТАНОТ, ОСУМ ЛИЦА ЗАВРШИЛЕ ВО БОЛНИЦА Приведен 55-годишен маж кој се

26/11/2026

Педесет и петгодишен охриѓанец е приведен под сомнение дека предизвикал пожар во својот стан на улицата Гоце Делчев во Охрид.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy