Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВАР во 98. минута го спаси Интер од голем кикс против Венеција (ВИДЕО)
Спорт

ВАР во 98. минута го спаси Интер од голем кикс против Венеција (ВИДЕО)

03/11/2024

AA

Фудбалерите на Интер вечерва извојуваа далеку потешка од очекувањата победа против Венеција (1-0) и тоа на домашен терен во меч од 11. коло од Серија А.

Италијанскиот првак се мачеше повеќе од очекуваното на „Џузепе Меаца“, а победата можеше да биде анулирана да не беше по интервенција од ВАР собата, која го поништи израмнувачкиот погодок на гостите буквално во последните секунди од средбата. „Нераѕурите“ ја презедоа иницијативата од самиот старт, но Венеција успеа да ја одржи одбраната на високо ниво. Тимот на Симоне Инѕаги создаваше шанси преку Маркус Турам и Хенрик Михтарјан, додека на спротивната страна, најголемата закана ја донесе Ористанио. На почетокот од второто полувреме, Михтарјан го пронајде патот до мрежата, но ВАР го поништи голот поради офсајд.

🚨🇮🇹 GOAL | Inter 1-0 Venezia | Lautaro Martinez

LAUTARO MARTINEZ OPENS THE SCORING FOR INTER!pic.twitter.com/fnhlLUOCmN

— Tekkers Foot (@tekkersfoot) November 3, 2024

Федерико Димарко во 65. минута му асистираше на Лаутаро Мартинез за единствениот погодок на натпреварот, откако капитенот на Интер ја прими топката на втората статива и со глава ја смести во противничката мрежа. До крајот, темпото на игра забави, но ситуацијата ескалираше длабоко во судиското продолжение. Во 98. минута, по дуелот меѓу Марин Шверко и Јан Бисек, топката заврши во мрежата на Интер, но ВАР сигнализираше игра со рака од страна на Шверко и голот беше поништен.

⚽️GOAL🇮🇹 | Inter 1-1 Venezia | Marin Šverkopic.twitter.com/mR3TeLo7go

— Goals Xtra (@GoalsXtra) November 3, 2024

Миланезите со оваа победа дојдоа до 24 бода и второто место на табелата, само еден бод зад лидерот Наполи, кој неочекувано беше демолиран дома од Аталанта (0-3).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Запленето товарно возило поради нелегален ископ на песок во неготинско

09/08/2026
Македонија

Приведен 19-годишник од Кочани поради неовластено правење и споделување експлицитни

09/08/2026
Македонија

ЦУК со предупредување: Многу висок ризик од шумски пожари во

09/08/2026
Македонија

5 активни пожари низ Македонија, еден под контрола

09/08/2026
Македонија

„Сеат Алтеа“ му го пресекла патот на 19-годишникот, кој загина

09/08/2026
Македонија

Постапка против 46-годишник за тешка сообраќајна несреќа во Радишани

09/08/2026
Македонија

Политичка војна околу Артан Груби

09/08/2026
Македонија

Над 100 паралелки помалку – речиси 5.000 првачиња помалку од

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44925
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Запленето товарно возило поради нелегален ископ на песок во неготинско

09/08/2026

На 08.08.2026 во 11:40 часот, при контрола на сепарација во неготинско село, полициски службеници од Отсекот за економски криминал при

Приведен 19-годишник од Кочани поради неовластено правење и споделување експлицитни снимки од поранешната партнерка

09/08/2026

На 08.08.2026 во 21:40 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода А.М.(19) од Кочани, постапувајќи

ЦУК со предупредување: Многу висок ризик од шумски пожари во повеќе региони во земјата

09/08/2026

Според податоците од МКФФИС, на 9 август 2026 година во 09:00 часот, со порастот на дневните температури се зголемува и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy