
УЖАС ВО ЛЕСКОВАЦ: Со секира удрил човек по главата и избегал јавајќи коњ
Српската полиција од Лесковац трага по маж кој денеска со секира удри човек во главата и избегал од местото на настанот јавајќи коњ.
Двајца мажи наводно се скарале, а потоа се степале во улицата Караѓорѓева во населбата Славко Златановиќ.
Брзата помош брзо реагирала и го пренела повредениот човек во болница. Лекарите констатирале дека нападнатиот нема сериозни повреди.
