
УЖАС ВО АВСТРАЛИЈА: Маж прободен со нож во трговски центар
Маж е избоден со нож денеска во трговскиот центар Хај Поинт во западниот дел на Мелбурн, Австралија.
Полицијата соопшти дека утринава еден маж избодел друг во горниот дел од телото при тепачка, пренесува Daily Mail.
Повредениот со возило на брза помош е пренесен во болница во „тешка, но стабилна состојба“, а полицијата се уште трага по напаѓачот.
Трговскиот центар не бил затворен по нападот бидејќи се верува дека „нема понатамошна опасност“.
Во Австралија на 13 април напаѓачот со нож Џоел Каучи уби шест лица и рани 12 во трговски центар во Сиднеј, по што беше застрелан од полицајка.
По нападот полицијата соопшти дека со Каучи се познавала од порано, а од мали нозе боледувал од шизофренија.