
УЖАС: Ѓубре низ улиците на Тетово, создадени депонии!
Ужасна е сликата на улиците денеска низ Тетово. Речиси сите се претворени во вистински депонии, но нема кој да го собере отпадот.
Вработените во ЈКП Тетово веќе три дена протестираат, бидејќи 3 месеци не земале плата.
Без да ги земат овие плати, вработените велат дека нема да го соберат отпадот.
