Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕСМ размислува да го даде Блок 1 од РЕК Битола на приватен оператор
Економија

ЕСМ размислува да го даде Блок 1 од РЕК Битола на приватен оператор

01/12/2023

AA

Постои можност ЕСМ да го даде првиот од трите блока на РЕК Битола на менаџирање од страна на приватен оператор, според физибилити студијата која е нарачана и за која е склучен договор на 13 ноември.

Ангажиран е консултант за 5 милиони денари, кој ќе треба да направи физибилити студија за работата на Блок 1 на РЕК Битола и да даде одговор на прашањето дали е поисплатливо да биде одржуван од приватен партнер.

ПрајсвотерхаусКуперс треба да ја изработи студијата за два месеци и да ја предаде, а ќе треба да ангажира стручен тим на консултанти и опремени лаборатории за испитување. Блок 1 не е модернизиран како другите два блока, а од ЕСМ објаснуваат дека ваквиот потег се должи на тоа дали е исплатливо да се ревитализира од нивна страна, кога и онака предвидено е да работи уште неколку години.

Според она што е напишано во договорот, од студијата ќе се бара одговор дали е исплатливо приватен оператор да работи на неговото модернизирање и да набавува увозен јаглен за работата на блокот. Консултантот ќе треба да даде одговорот на прашањето колкава ќе биде производната цена на електрична енергија на блокот и дали ќе биде конкурентна, како и дали ќе биде поефикасно ако ЕСМ го управува блокот самостојно или преку некој друг модел на соработка со трета страна.

Кост-бенефит анализата ќе покаже дали е исплатливо да биде преземен под јавно-приватно партнерство, закуп, концесија, договорно производство или со договор за управување. 

„Во сите предложени модели треба да се предвиди дека во случај на кризна состојба (хаварија или дефект на останатите производни капацитети на ЕСМ или значително зголемување на цената на енергенсите на берзите) Блокот 1 да работи за потребите на АД ЕСМ со цел да се обезбеди енергетска сигурност. Економскиот оператор треба да предложи економски и правни услови за соработка помеѓу АД ЕСМ и трета страна во услови на таква кризна состојба“, пишува во еден од условите од договорот.

Во него пишува дека консултантот треба да даде и предлог, односно да пронајде потенцијални приватни оператори од земјата или странство, кои би сакале да се зафатат да го работат Блок 1.

Пред неколку години од раководството на ЕСМ се споменуваше опција Блок 1 во иднина да биде реконструиран како гасна централа, што најверојатно останува во игра кога „ќе му заврши векот“.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор

08/11/2026
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
Македонија

СДСМ СОЗДАВА ЛАЖЕН НАРАТИВ ЗА ЕСМ Платите не доцнат, туку

08/11/2026
Македонија

СДСМ И ВЕНКО ПРВО ДА НАУЧАТ КОЈ Е НАДЛЕЖЕН ЗА

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46658
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор на Торакална

08/11/2026

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од Врапчиште доби пријава по расправија

08/11/2026

Двегодишно дете било однесено во Швајцарија без знаење и согласност на неговата мајка, откако таткото претходно се скарал со сопругата.

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ ИМИЊА“ На протести во Скопје

08/11/2026

Со пораките „Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“ и „Не бараме сочувство, бараме одговорност“ граѓани и активистки во Скопје

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy