Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Утврдени текстовите на законите за ратификација на договорите за слободно движење со лични карти и признавање дипломи
Македонија

Утврдени текстовите на законите за ратификација на договорите за слободно движење со лични карти и признавање дипломи

14/03/2023

AA

Владата денеска на седница го утврдила текстот на предлог – законите за ратификација на Договорот за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан, на Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан и на Договорот за признавање на професионалните квалификации на докторите по медицина, докторите по дентална медицина и архитектите, во контекст на Централно-европскиот Договор за слободна трговија.

Одлуките се донесени на 135-та владина седница, по предлози од Министерството за надворешни работи.

Договорот за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан е склучен во Берлин на 3 ноември 2022 година меѓу шесте земји во регионот и тоа: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово Црна Гора, Северна Македонија и Србија, а е иницијатива на нашата земја од зедничкото ко-претседавање со Бугарија со Берлинскиот процес, со намера да се преслика моделот на билатерални договори за слободно патување со лични карти.

– Договорот, според образложеното од предлагачот, има за цел натамошно унапредување на соработката и олеснување на условите за патувањето, вклучително и унапредување на односите помеѓу земјите од Западен Балкан, преку поедноставување на административните постапки во поглед на влез, транзит и краткорочен престој на лицата носители на лични карти, издадени од наведените земји, информира владината прес-служба.

Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан, според информацијата од Министерството за надоврешни работи, е во согласност со Лисабонската Конвенција за признавање на квалификации коишто се однесуваат на високото образование во европскиот простор, како дел од иницијативата за формирање Регионален Економски Пазар 2021-2024, согласно заклучоците од Самитот на лидерите на Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес во Софија (2020 година), а е во насока на постигнување успешна и целосна имплементација на одредбите за внатрешен пазар на ЕУ, во рамки на сите шест земји од Западен Балкан.

Со Договорот, се посочува во соопштението од владината прес-служба, се уредува признавањето на високообразовните квалификации, продолжувањето на студиите и пристапот до нерегулираниот пазар на труд во секоја од Страните.

Владата го утврди и текстот на Предлогот на закон за ратификација на Договорот за признавање на професионалните квалификации на докторите по медицина, докторите по дентална медицина и архитектите, во контекст на Централно-европскиот Договор за слободна трговија.

Договорот, како што е објаснето од предлагачот, предвидува автоматско признавање на професионалните квалификации врз основа на минималните барања за трите професии утврдени со овој Договор и со Директива 2005/36/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 7 септември 2005 година, за признавање на професионалните квалификации, изменета со Директивата 2013/55/ЕУ на Европскиот парламент и на Советот од 20 ноември 2013 година.

Договорот предвидува заедничка постапка за признавање на професионални квалификации, постапката за регресно признавање квалификации, ги предвидува јавните исправи коишто се потребни за признавање на професионалните квалификации, за употреба на професионални звања на квалификации, како и употреба на академски звања.

На предлог на Министерството за одбрана, Владата на денешната седница донела одлуки за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на повеќе вежби, во: Сојузна Република Германија, Република Грција, Република Бугарија, Република Турција, Република Полска, Република Словенија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Прв претставник на Евровизија и легенда што остави безвременски хитови:

28/06/2026
Македонија

Почина Владо Јаневски – македонската музика остана без еден од

28/06/2026
Македонија

Костадин Костадинов стапи во брак: „Ја крунисавме нашата љубов –

28/06/2026
Македонија

УХМР издаде метеоаларм: Утре и задутре пеколни температури во Македонија!

28/06/2026
Македонија

Сали: ВРЕДИ добива шест министерства во владината реконструкција

28/06/2026
Македонија

Пукал од џип во Гостивар, потоа сам се пријавил во

28/06/2026
Македонија

Приведени 14 возачи за безобѕирно управување возило, од нив седуммина

28/06/2026
Македонија

Македонија најевтина во Европа: Кошничка од 100 евра во ЕУ

28/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44010
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Прв претставник на Евровизија и легенда што остави безвременски хитови: Кој беше Владо Јаневски?

28/06/2026

Македонската музичка сцена остана без едно од своите најпрепознатливи имиња. Владо Јаневски, поп-пејач, композитор и музичар, остави длабока трага во

Почина Владо Јаневски – македонската музика остана без еден од своите најпрепознатливи гласови

28/06/2026

Македонскиот пејач и музичар Владо Јаневски почина вечерва по кратко боледување на една од скопските клиники, на 66-годишна возраст. Веста

Костадин Костадинов стапи во брак: „Ја крунисавме нашата љубов – сега го чекаме нашиот Никола“

28/06/2026

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, објави дека стапил во брак, споделувајќи емотивна порака на социјалните мрежи. Тој порача дека

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy