Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Десет години затвор за 17 годишното девојче кое уби 16 годишно момче во тетовско Бањиче
Магазин

Десет години затвор за 17 годишното девојче кое уби 16 годишно момче во тетовско Бањиче

14/03/2023

AA

За убиството на 16 годишното момче што се случи во декември 2022 година Основниот суд Тетово денеска изрече казна затвор од десет години за 17 годишното девојче, информираа од канцеларијата за односи со јавност на тетовскиот суд.

Девојката од тетовското село Рогле е осудена за кривично дело убиство по член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.

– Основниот суд Тетово денес донесе пресуда за настанот случен на ден 21.12.2022 на место викано Бањиче, во кој лишен од живот е детето Б.Х на возраст од 16 години, а за кој настан постапката се водеше спрема дете во судир со законот на возраст од 17 годни за кривично дело Убиство по член 123 став 2 т1 од Кривичен законик. Судот донесе пресуда со која детето во судир со закон е огласено за виновно и изречена му е казна затвор за деца во траење од 10 години, се вели во соопштението на тетовскиот суд.

На 22 декември 2022 полицијата безживотното тело на 16 годишното момче од Ново село, Општина Желино беше најдено во реката Пена кај месноста Бањиче близу Тетово. Сега веќе осудената 17 годишно девојче беше приведено наредниот ден, по што и беше определен и притвор. Убиство по член 123 став 2 точка 1 според Кривичниот законик претставува Квалификуван облик на убиство-Убиство на свиреп начин.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
Македонија

Ренџерите на Пелистер и СВР Битола лоцираа и приведоа вооружени

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал на медицинарите

15/08/2026

Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција откако, според пријавеното, злоупотребил повик до Итната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy