Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Утврден Етички кодекс на Групацијата на небанкарски финансиски друштва – се подобрува услугата кон клиентите
Економија

Утврден Етички кодекс на Групацијата на небанкарски финансиски друштва – се подобрува услугата кон клиентите

12/06/2025

AA

Денес на прес
конференција во Стопанскакомора
на Северна Македонија претседателот на Групацијата на небанкарски финансиски
друштва, г-дин Никола Јошевски, го промовираше Етичкиот кодекс на Групацијата.  

Кодексот
претставува збир на вредности, принципи и добри практики од работењето на
финансиските друштва, потписници на Етичкиот кодекс, кои се во согласност со
законски пропишаните регулативи и ги надградуваат истите, а со чие применување
и почитување се утврдуваат минималните стандарди во работењето на финансиските
друштва.

Целта на Етичкиот
кодекс е да се унапреди работењето на финансиските друштва и да се подобри
корисничкото искуство на нивните клиенти, да се поттикне поголема социјалната
одговорност на финансиските друштва, како и да се унапреди релацијата на
финасиските друштва со потрошувачите, односно корисниците на нивните услуги.

Основни вредности
и принципи на Етичкиот кодекс се транспарентност, интегритет, професионализам,
доверливост и одговорност. За финансиските друштва применувањето на одредбите
од Кодексот ќе значи повисоки стандарди во работењето и имање во предвид
најдобрите интереси на клиентите, додека за клиентите тоа ќе подразбира лесно
достапни, јавно објавени, прегледни и јасни информации за производите и
услугите кои ги нуди финансиското друштво, како и јасни и недвосмислени реклами.

На настанот,
финансиските друштва членки на Групацијата, го потпишаа Етичкиот кодекс, со што
и формално се обврзаа на примена на неговите принципи и вредности.

Во пракса спроведувањето
на Етичкиот кодекс ќе го следи Комисијата за спроведување на Етичкиот кодекс на
Групацијата, при што во случај на непочитување на одредбите од Кодексот,
Комисијата ќе ја разгледа подобноста на финансиското друштво за членство во
Групацијата, која брои 22 од вкупно 27 лиценцирани финансиски друштва од
Министерството за финансии.

Финансиските
друштва членки на Групацијата при Стопанската комора продолжуваат во
континуитет да работат на подобрување на екосистемот за одговорно кредитирање,
заштита на клиентите, подобрување на бизнис условите на пазарот, усогласување
со глобалните стандарди, како и подобрување на видливоста и репутацијата на
небанкарските финансиски институции. Во тој контекст, донесувањето на Етичкиот
кодекс следи по Кампањата за финансиска едукација за заштита на личните
податоци. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Битиќи: Поразот на Орбан е силна опомена за власта, иднината

13/04/2026
Македонија

ВОЗЕЛ ПИЈАН И СО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ Неготинец удрил во

13/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ

13/04/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ЖЕШКО ЛЕТО СО СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ Славчо Попоски прогнозира

13/04/2026
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42420
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Битиќи: Поразот на Орбан е силна опомена за власта, иднината е во европеизација, а не

13/04/2026

Поразот на Виктор Орбан на изборите во Унгарија е политичка порака што одекнува и надвор од Будимпешта и претставува директна

ВОЗЕЛ ПИЈАН И СО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ Неготинец удрил во пешак и го повредил

13/04/2026

Лишен од слобода e возач од Неготинско, кој возејќи под дејство на алкохол и со мерка забрана за управување, удрил

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ ДРЖАВИ Засукај ги ракавите и

13/04/2026

ВМРО-ДПМНЕ го повика лидерот на СДСМ Венко Филипче да се огради од криминалите на Зоран Заев, да ги засука ракавите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy