
Утрово земјотрес ја потресе Македонија, еве каде e епицентарот
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во Македонија, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Земјотресот е регистриран во 06:35 часот, на 16 километри источно од Центар Жупа, бележи Центарот.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 15 километри.
