Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДОМ: Со лаги власта ја сведува катастрофата на „визуелна“ грешка
Македонија

ДОМ: Со лаги власта ја сведува катастрофата на „визуелна“ грешка

11/09/2025

AA

Зелената партија ДОМ најостро ја осудува неодговорната и срамна изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека загадениот воздух „само изгледа алармантно“.

ДОМ предупредува: кога градот е прекриен од чад и два дена смрди на изгорена гума, таквите лаги не се само некомпетентни, туку претставуваат крајно нехумано однесување кон сопствените граѓани. Зелената партија ДОМ бара итен крај на ова политичко манипулирање.

„Доколку Мицкоски навистина мисли дека „визуелниот“ чад го заменува ѕвоното на алармот, тогаш нека одржи презентација на 7-метарските гласачки ливчиња (кои патем кажано, тој бомбастично ги „најави“) наместо за мерењата на загаденост. Граѓаните не се без чувство за мирис во однос на отровните честички што ги уништуваат нивните бели дробови – тие знаат кога некој се труди да ги измами со политички предизборни трикови.

Овој колосален неуспех на Владата е за жал суштинска мисија за самоуништување: нема ниту еден официјален совет како да се заштитат ранливите групи, нема ниту една предупредувачка порака, ниту мерки за итна дистрибуција на чиста вода и заштитни маски. Дури ниту Институтот за јавно здравје не добил податоци за загаденоста, што сведочи за парализата на сите надлежни служби.

Граѓаните веќе го покажаа својот револт – блокади, протести и барање одговорност. ДОМ ја повикува и опозициската СДСМ да престанат да бидат сопартијци во оваа нивна коалиција на неодговорни. Имаат пратеничка група во Собранието и преку иницијативи и јавни расправи за овој скандал можат да помогнат да го осудат овој чин на необјективност и неодговорност на Владата.

Зелената партија ДОМ бара итни конкретни чекори: веднаш гаснење на пожарите на депониите „Вардариште“ и  „Дрисла“ , секојдневни извештаи од мерните станици, активирање на итни здравствени протоколи за заштита на ранливите категории и старт на стратешки план за модерно управување со отпадот во Скопје. Политичка манипулација над здравјето на граѓаните не смееме да дозволиме во никој случај“, велат од ДОМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy