Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Утре се гласа за новата Влада, опозицијата ја нарекува „пазар 3“ коалиција
Македонија

Утре се гласа за новата Влада, опозицијата ја нарекува „пазар 3“ коалиција

12/02/2023

AA

Собранието утре ќе одржи седница за реконструкција на Владата. Ќе се избираат новите министри на Алијансата за Албанците, а ќе се разрешат министрите од редовите на Алтернатива.

Кадрите на АА кои се предложени се Кренар Лога за Министер за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу – Министер за информатичко општество и администрација, а Министер за животна средина и просторно планирање ќе биде Каја Шукова од СДСМ. АА добива и две заменик-министерски функции. Тирон Јајага, заменик министер за одбрана и Вјолца Бериша, заменик министер за земјоделство.


Собраниската регулатива за разрешување на министри предвидува седница на која времето за дискусија не е ограничено.

За македонската опозициска ВМРО-ДПМНЕ, новата коалиција меѓу АА и Владата е „Пазар3“коалицијата. Оваа партија инсистира на предвремени парламентарни избори како единствено решение за политичкиот хаос.


Од друга страна, од СДСМ и денеска преку соопштение велат дека обезбедиле мнозинство кое ќе унапреди многу важни процеси за државата.

„Зголеменото мнозинство овозможува да продолжи енергетската транзиција, економските иницијативи како Отворен Балкан, регионалната соработка, поголема поддршка за стратешкото партнерство со САД и унапредувањето на добрососедските односи.“, велат од СДСМ.


Новиот владин состав ќе го поддржи независниот пратеник Скендер Реџепи. ТВ21 го праша Реџепи дали ќе бара дополнителен ресор во Владата во замена за неговата поддршка, бидејќи Владата не предложила разрешување на заменик министерот за култура Даим Лучи, кој важи за близок на Реџепи.

„Јас имав и имам неколку забелешки за Владата, но моите забелешки ќе ги кажам во наредниот период, а врз основа на околностите ќе дебатирам и за мојата позиција и владејачка одговорност во рамките на мнозинството.“, рече Скендер Реџепи.

Се очекува утре „Огнената група“ да не гласа за новата Влада. Такво нешто се очекува и од пратеникот на мнозинството, Павле Трајанов.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy