Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Инфаркт завршница во Кавадарци: Тиквеш го скроти Алкалоид на реми!
Спорт

Инфаркт завршница во Кавадарци: Тиквеш го скроти Алкалоид на реми!

12/02/2023

AA

Тиквеш му погледна во очи на фаворитскиот статус на Алкалоид и се избори за реми пред своите гледачи во Кавадарци, со конечни 31-31, поставни на драматичен начин, во последните секунди од мечот.

Алкалоид водеше со два разлика последно на 22 секунди до крајот, па звучни доста неверојатно дека успеа да ја исппушти од раце. Беше 29-27 во 59. минута, кога Михајло Младеновиќ доби исклучување. Тоа не го спречи Алкалоид да продолжи да постигнува голови, но поради играта без голман, не знаеше да ја сочува својата мрежа. Двапати постигнуваше гол за плус два и двапати примаше гол на незаштитени стативи, од брз центар.

Последниот напад Џонов го претвори во техничка грешка, подлегнувајќи на жестокиот пресинг на Тиквеш, па осумте секунди до сирената му беа доволни им Данило Брестовац и неговите избраници да погодат за реми. Честа ја имаше најдобриот стрелец на кавадарчани, српскиот плејмејкер, Страхиња Симиќ. Четирите секунди кои останаа за Алкалоид беа доволни да се упати удар, но не и за нов погодок. 

Домаќинот уште од почетокот ја изрази својата мотивација преку експлозивна и посигурна игра во првото полувреме. Наметна водство од плус три и по 15 минути игра водеше со 10-7. Предноста стигна најмногу до плус четири, последно во 24. минута, а оттука почна финишот на Алкалоид во првото полувреме. Со креативен напад, направи серија од 5-1 и се избори за резултатска нула на паузата, 16-16.

Како што го заврши првиот, Алкалоид така го почна и вториот дел и во 39. минута стигна до највисокото свое водство, 21-18. До крајот не се одлепи посериозно, но подлегна на притисокот од домаќините. Велков беше, можеби најзаслужниот, покрај Симиќ, што Тиквеш се врати во живот, преку своите 14 интервенции, а српскиот среден бек броеше до седум гола. Во Алкалоид, Благојче Трајковски броеше до 10 одбрани, а Иван Џонов цел меч беше натпросечен со седум гола.

Дербито на првото плеј-оф коло имаше и инцидент, во 45. минута, кога повеќе играчи тргнаа во пресметка, откако Александар Петковски без намера го погоди во глава голманот Марјан Велков. Тоа резултираше со три исклучувања во Алкалоид и две за Тиквеш.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

166 пешаци санкционирани за сообраќајни прекршоци, најголем дел преминувале улица

18/08/2026
Македонија

Стотина пријави за угинати птици пристигнале до АХВ, апел да

18/08/2026
Македонија

Армијата одбележа 34 години: Сиљановска, Мисајловски и Лафчиски со пораки

18/08/2026
Македонија

Четврта жртва од западнонилска треска во земјава, 20 пациенти се

18/08/2026
Македонија

25-годишник извршил обљуба врз 14-годишно девојче со кое бил во

18/08/2026
Македонија

Приведен 24-годишен скопјанец: Физички ја нападнал својата бремена сопруга

18/08/2026
Македонија

Пет активни пожари во повеќе општини, во Старо Нагоричане зафатена

18/08/2026
Македонија

Затвореник побегнал од суд во Струмица за време на пауза

18/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45089
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

166 пешаци санкционирани за сообраќајни прекршоци, најголем дел преминувале улица надвор од пешачки премин

18/08/2026

Засилена сообраќајна контрола насочена кон безбедноста на пешаците спроведе Министерството за внатрешни работи на територијата на целата држава. Во текот

Стотина пријави за угинати птици пристигнале до АХВ, апел да нема паника

18/08/2026

Зголемениот интерес кај граѓаните по појавата на случаи на западнонилска треска резултирал со стотина пријави за угинати птици до Агенцијата

Армијата одбележа 34 години: Сиљановска, Мисајловски и Лафчиски со пораки за посилна одбрана

18/08/2026

Со пораки за професионалност, модернизација и зајакнување на одбранбените капацитети, денеска во Охрид беше одбележан 18 Август – Денот на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy