Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УТРЕ Е ЗАДУШНИЦА: Ден за спомен на починатите и за посета на нивните почивалишта, секогаш е во сабота и една недела пред Прочка
Македонија

УТРЕ Е ЗАДУШНИЦА: Ден за спомен на починатите и за посета на нивните почивалишта, секогаш е во сабота и една недела пред Прочка

17/02/2023

AA

Задушница секогаш е во сабота и е една недела пред Прочка, која секогаш се паѓа во недела.

Во црквите, овој ден отсекогаш бил одбележуван со света Литургија и панихида, на која свештеникот истура вино над житото, а по завршувањето на службата се посетуваат гробиштата.


На Задушница верниците даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

Се верува дека е голем грев ако на Задушница некој на гроб одбие да земе храна или пак избрка туѓинец од гробот.


Неделата пред Прочка се вика Месопосна или Месна недела, а некои ја викаат и Месни поклади зашто на тој ден се запокладува (запостува) со месо, месни производи и свинска маст.

Овој период од седум дена од месни поклади до Прочка се вика и Сирна недела или Сирници поради тоа што во овој период се јадат млечни производи, а некои ја викаат и Бела недела.


Од сирни Поклади што се совпаѓа со Прочка започнува да не се јадат и млечни производи и започнуваат големите, долги седум недели, Велигденски пости што траат до Велигден.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МЗ покренува стручен надзор со странски експерт за компликациите кај

06/08/2026
Македонија

Германец приведен во Радожда: Со дрон неовластено снимал армиска караула

06/08/2026
Македонија

Драматична состојба во Тетовско: Пожарникарите дневно гасат и до 17

06/08/2026
Македонија

Ристески: Цените се под контрола и засега нема потреба од

06/08/2026
Македонија

Недостиг на терапија за онколошките пациенти: Здружението „Хема-Онко“ бара системско

06/08/2026
Македонија

30-ти роденден на 2.200 метри височина: Габриела Панајотова го прослави

06/08/2026
Македонија

Паднатите дрвја од невремето стануваат моторички парк на Водно: Ѓорѓиевски

06/08/2026
Македонија

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот, туризмот бележи силен

06/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44891
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МЗ покренува стручен надзор со странски експерт за компликациите кај парализираната родилка

06/08/2026

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведе вонредни инспекциски надзори во болниците во Струмица, Штип и на Клиниката за неврологија

Германец приведен во Радожда: Со дрон неовластено снимал армиска караула

06/08/2026

Германски државјанин е приведен откако со дрон неовластено снимал воена караула во струшкото село Радожда, соопштија денеска од СВР Охрид.

Драматична состојба во Тетовско: Пожарникарите дневно гасат и до 17 пожари, регистрирани се 628 интервенции

06/08/2026

Состојбата со пожарите во Тетовскиот Регион е критична, а противпожарните екипи дневно справуваат во просек со 11, а во одделни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy