Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Утре е голем верски празник – се слави Свети Архангел Михаил
Македонија

Утре е голем верски празник – се слави Свети Архангел Михаил

20/11/2023

AA

Утре е голем и тежок христијански празник Свети Архангел Михаил кој секоја година се слави на 21 ноември, а по народното верување, тоа е затоа што кога светците си ги делеле улогите, Архангел Михаил добил есенско и зимско време на зима и зимски тешкотии.

На овој ден именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка…

На овој ден според народните преданија треба да им се помогне на сиромашните и немоќните, да им се даде храна и пиење, а и да им се упати топол збор.

За сета ваша добрина светецот ќе ве награди со ислушување на молитвите и желбите. Михаил е архангел споменат во Откровението (12:7); во Стариот Завет Михаил е споменат по име во перисиски контекст на Книгата на Даниел. Претставен е како заповедник (војвода) на Господовата војска. Таму тој се јавува како „еден од првите кнезови“ (Даниел, 10:13) кој во привидението на Даниел му притекнува на помош на архангел Гаврил во борбата против ангелот на Персија, а опишан е и како застапник и бранител на Израел и „големиот кнез кој ги штити синовите на твојот (Даниеловиот) народ“ (Даниел, 10:21, 12:1).

По талмудските преданија неговото име значи „како Ил (Бог)“ или „Иловиден“, „Илолик“ („Боговиден“, „Боголик“) Михаил е меѓу главните ангели во Аврамските преданија; се вели дека неговото име било борбен извик на ангелите на небесата во борбата против Сатаната и неговите следбеници. Голем дел од доцните Мидрашки подробности за Михаил се пренесени преку Книгата на Енох, од каде понатаму биле дообработени. Во доцносредновековното Христијанство, Михаил, заедно со Свети Ѓорѓи станале светец-заштитник на витештвото, како и на првиот витешки ред на Франција, Редот на Свети Михаил во 1469.

Во британскиот систем на почести, витешкиот ред основан во 1818 е именуван по овие двајца светци – Ред на Свети Михаил и Свети Ѓорѓи. Во многу христијански кругови Свети Михаил се смета за заштитник на борците. Полицајците и војниците, а особено падобранците го сметаат за нивен светец-заштитник.

Римокатолиците и православците го нарекуваат Свети Архангел Михаил, а неговиот празник — Арангел (21 ноември).

На овој ден според народните преданија треба да им се помогне на сиромашните и немоќните, да им се даде храна и пиење, а и да им се упати топол збор. За сета ваша добрина светецот ќе ве награди со ислушување на молитвите и желбите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФАТЕНИ ТРОЈЦАТА ПОЛЈАЦИ ШТО УПАДНАА ВО ВОЕН МАГАЦИН И ПОБЕГНАА

30/09/2026
Македонија

ПЕШТЕРСКИ ПАТРИОТИЗАМ • ОСТРИ КРИТИКИ ОД БУГАРСКИОТ ИСТОРИЧАР БЛАГОЕВ Цар

30/09/2026
Македонија

ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОТКРИЈА 12 МИГРАНТИ ВО ЕДЕН ДЕН Се криеле

30/09/2026
Македонија

2 И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ВРАБОТЕНАТА ВО МРВ ШТО

30/09/2026
Македонија

ОДБРАНАТА ПОВИКА 244 СВЕДОЦИ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“ Газда Деко

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА ОПЕРАЦИЈА ВО ПРИЛЕП Претреси на околу 30 локации,

30/09/2026
Македонија

ДАЛИ САМУИЛ И САМУЛИОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (1) Комитопулот на

30/09/2026
Македонија

ДАЛИ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ИМА ТАЕН ДОГОВОР СО БУГАРИЈА ЗА НОВО

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45886
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФАТЕНИ ТРОЈЦАТА ПОЛЈАЦИ ШТО УПАДНАА ВО ВОЕН МАГАЦИН И ПОБЕГНАА Им се придружија на останатите

30/09/2026

Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка ги уапсија тројцата полски државјани К.В. (49), О.А.Б. (56) и С.К.З. (55), кои

ПЕШТЕРСКИ ПАТРИОТИЗАМ • ОСТРИ КРИТИКИ ОД БУГАРСКИОТ ИСТОРИЧАР БЛАГОЕВ Цар Самоил нема да им прости

30/09/2026

Во Бугарија има поделени реакции – од еуфорија до критики, по договорот Атина да ѝ ги даде на Софија останките

ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОТКРИЈА 12 МИГРАНТИ ВО ЕДЕН ДЕН Се криеле во камиони за царинење

30/09/2026

Царински службеници во еден ден открија 12 илегални мигранти со потекло од Египет и Судан, при контрола на стока пријавена

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy