Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Утре „Ден Д“ за работничките права: Синдикалната кошничка достигна 65.500 денари, Владата и синдикатите седнуваат на маса
Македонија

Утре „Ден Д“ за работничките права: Синдикалната кошничка достигна 65.500 денари, Владата и синдикатите седнуваат на маса

21/12/2025

AA

Во сенка на новите поскапувања и синдикалната потрошувачка кошничка која надмина 1.000 евра, Владата и синдикатите утре ќе ги соочат ставовите на седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС).

На маса ќе се најдат жешките теми: раст на платите, утврдување на минималната плата и мерки за заштита на куповната моќ.

Синдикатите влегуваат во преговорите со јасен став – граѓаните сè потешко ги поднесуваат основните животни трошоци. Тие бараат конкретни решенија и јасни рокови, а не само декларативни заложби.

Од друга страна, Владата најавува отворен дијалог. Заменикот министер за економија е оптимист и најавува дека со конкретни економски мерки, очекувањата се инфлацијата следната година да падне на 2,5%.

Сепак, „ладен туш“ доаѓа од Организацијата на работодавачи. Нивниот став останува непроменет:

„Зголемување на плата без зголемена продуктивност тешко ќе има.“

Како аргумент во преговорите, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ги изнесе најновите пресметки. Синдикалната потрошувачка кошничка за четиричлено семејство за декември изнесува 65.492 денари.

Според нивната математика:

Овој месец е поскап за над 300 денари споредено со ноември.

Само за храна и пијалаци се потребни 23.648 денари.

Најголемо поскапување има кај облеката и обувките (над 140 денари месечно).

Уште полоша е сликата за семејствата кои немаат сопствен дом. Ако семејството живее под кирија, потребниот месечен буџет скока од 65.000 на над 80.000 денари.

Додека синдикатот мери колку е минимумот за преживување, Владата подготвува своја методологија. Од 1 јануари, државата ќе прави пресметка на трошоците за четиричлено семејство, но таа нема да биде минимална како синдикалната, туку просечна. Според најавите, токму оваа „државна кошничка“ ќе служи како основа за креирање на идните економски политики и плати.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45694
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува

20/09/2026

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од

20/09/2026

Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy