Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Утешни“ награди кои чинат цело богатство: Проверете што ќе добијат номинираните за Оскар – објавено е и каква храна ќе јадат
Магазин

„Утешни“ награди кои чинат цело богатство: Проверете што ќе добијат номинираните за Оскар – објавено е и каква храна ќе јадат

10/03/2023

AA

Oд доделувањето на „Оскарите“, се чини, и номинираните кои нема да добијат статуетка – ќе си одат дома со полни раце, бидејќи за сите е подготвен луксузен пакет „утешни награди“. Имено, компанијата „Дистинктив сетс“ на секого од номинираните годинава ќе им даде цел список подароци во вредност од 126.000 долари.

Пакетот вклучува јапонски млечни колачи, свилени навлаки за перници, рачно набрани урми… А, има и необични подароци како – парче земја од Австралија, три ноќи во рурална Отава, ноќевања на италијански вулкански остров, консултација со лекар за третман на коса, липосукција, консултации и третмани со ботокс, облека, велнес производи… Во пакетот има вкупно 60 понуди, а можните добитници не се обврзани да ги примат, искористат или промовираат добиените производи.

Треба да се напомне и дека разни компании плаќаат по четири илјади долари за нивниот производ да биде меѓу пакетот подароци.

Инаку, се знае и што ќе има на менито на официјалната прием-забава по главната свеченост. Одговорен за тоа е британскиот готвач Елиот Гровер, препорачан и одбран од долгогодишниот готвач на „Оскарите“ – Волфганг Пак. Ќе бидат понудени традиционални англиски јадења, како што се риба и чипс, пити со пилешко, мали колачи… И, за разлика од некои претходни „Оскар“-менија, ова ќе биде нешто „помесно, помасно и покалорично“.

Инаку, 95-то доделување на „Оскарите“ ќе се одржи во Лос Анџелес во „Долби театарот“ ноќта меѓу 12. и 13 март. Водител на емисијата ќе биде комичарот Џими Кимел. Меѓу најголемите фаворити, според последните предвидувања се филмовите „Сѐ во исто време“ (има 11 номинации), „На Запад ништо ново“ (девет номинации), „Елвис“ (осум номинации).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy