Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јутјуберот Лазаров објави видео со извинување, но смета дека ова е хајка против него
Македонија

Јутјуберот Лазаров објави видео со извинување, но смета дека ова е хајка против него

20/02/2023

AA

По отстранувањето на скандалозниот поткаст со новинарот Драган Павловиќ Латас, Стефан Лазаров се јави со ново видео во кое се извинува и смета дека хајката е организирана за да биде уништен.

Во најновото видео „Извинете…“ вели дека се согласува со јавноста, и дека се во право.

„Се слагам со вас, во право сте и затоа сакам да ви се извинам за тоа што го чувте во подкасот, а јас како домаќин или водител дозволив тоа да се емитува. Дали станува за силување тоа ќе го оставам на вас. Меѓутоа, сакам да се извинам заради тоа што се добива една слика дека кај мене се промовираат такви работи. Прво, е жално што во оваа ситуација се гледа дека има сериозна позадина и станува збор за една сериозна оркестрирана хајка. Од едно мое смеење од 10 секунди, на анегдота кажана, да ме правите насилник, да ме правите силувач, да ме правите човек кој промовира такви работи на социјални мрежи, е бедно“, посочува тој.

Лазаров прашува како можело да видеото да биде објавено во вторник, а дури во недела нешто да се случи и истото да биде на мета во јавноста.

Тој упати и барање јавноста да процени за „позадината на луѓето кои го објавија ова, начинот на кој го објавија и кои институции први се јавија“.

„Не ми е поентата на ова видео да напаѓам, во ниту еден случај. Меѓутоа е жално како функционира оваа држава и е жално што се вадат од контекст многу работи. Многу луѓе тоа видео не го изгледаа до крај, и не ја изгледаа целата ситуација, и си формираа мислење и став врз основа на тоа што им беше пласирано. Во еден ден ситуацијата отиде на вести, денеска е главна дебатна тема и е стигнато до јавно обвинителство. И, денеска ме правите насилник и силувач, зошто Стефан се насмеал на некоја ситуација?“, вели тој во видеото.

Според него, видеото е тргнато зашто што смета дека таква содржина не смее да има на неговиот канал, но и многу од следбениците му пишале „тргни го така ќе покажеш дека имаш морални вредности“.

„Вчера беше поентата да се уништи Стефан за да се затскријат други работи. Јасно ми е дека многу луѓе сакаат да ми наштетат, јас сум млад многу неискусен за вакви работи. Во моментот со Латас јас не дослушнав што сакаше да каже, се насмевнав едноставно..“, вели тој

Инаку, досега свои свои реакции и осуди објавија повеќе организации и јавни личности, а ОЈО оформи и предмет.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
Македонија

Ренџерите на Пелистер и СВР Битола лоцираа и приведоа вооружени

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал на медицинарите

15/08/2026

Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција откако, според пријавеното, злоупотребил повик до Итната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy