Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Усвоени правилата за онлајн аплицирање за Шенген визи
Македонија

Усвоени правилата за онлајн аплицирање за Шенген визи

13/11/2023

AA

Советот на ЕУ денеска усвои два прописи со нови правила со кои се овозможува онлајн аплицирање за виза за патување во Шенген зоната.

– Можноста за аплицирање за Шенген виза преку интернет ќе претставува големо подобрување за граѓаните и за обработката на апликацијата. Тоа ќе го поедностави процесот на аплицирање за патниците и во исто време ќе ги растовари националните администрации, кои ќе можат да одговорат побрзо и поефективно, изјави шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка Гомез, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ

Со новите прописи се предвидува создавање платформа за аплицирање за виза за влез во ЕУ, преку која ќе се поднесуваат сите барања за издавање на Шенген визи, со неколку исклучоци. На платформата, апликантите за виза ќе можат да ги внесат сите релевантни податоци, да прикачуваат електронски копии од нивните патни и други придружни документи, како и да го платат соодветниот надомест.

Со ваквата платформа, како што се додава во соопштението на ЕУ, апликантите за визи повеќе нема да имаат потреба да одат лично во амбасадите или конзулатите. Аплицирање со физичко присуство ќе биде потребно само за оние лица кои првпат поднесуваат барање за виза, чии биометриски податоци повеќе не се валидни или пак имаат нов патен документ.

Новите прописи, исто така, предвидуваат замена на сегашните налепници за визи со криптографски потпишан баркод.

Новите прописи ќе стапат во сила на 20-от ден од нивното објавување во Службениот весник на Европската Унија, а нивната примена ќе почне откако ќе бидат завршени сите технички формалности околу новата визна платформа и дигиталните визи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy