Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Усвоен Ребалансот на Буџетот за 2025- Димитриеска-Кочоска: Секоја ставка во ребалансот има цел – развој, сигурност и фискална одговорност
Македонија

Усвоен Ребалансот на Буџетот за 2025- Димитриеска-Кочоска: Секоја ставка во ребалансот има цел – развој, сигурност и фискална одговорност

22/07/2025

AA

Собранието денеска го усвои Предлогот за ребаланс на Буџетот за 2025 година, што претставува одраз на одговорно и флексибилно управување со јавните финансии во услови на динамични економски предизвици.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, изрази благодарност до пратениците за конструктивната расправа, која уште еднаш покажа дека сите работиме во интерес на граѓаните и стабилноста на економијата.

„Ребалансот не е само техничка корекција, туку резултат на анализа на тековните економски движења и прилагодување на приоритетите“ кажа министерката.

Со усвојувањето на ребалансот се овозможува реалокација на средства меѓу буџетските корисници во согласност со актуелните приоритети, како и дополнително финансирање на проекти кои имаат забрзана динамика на реализација и носат значајни придобивки за развојот на земјата. Во оваа насока, се обезбедени дополнителни средства за области како што се животната средина, енергетиката, културата, образованието и здравството, со посебен акцент на набавка на инсулин и медицинска опрема.

Исто така, преку ребалансот се обезбедени и средства за зголемување на платите за вработените во Министерството за внатрешни работи, како и средства за исплата на зголемените пензии преку Фондот за ПИОМ. Министерката истакна дека економската проекција за раст останува на 3,7%, што се темели на досегашните остварувања и се очекува да биде поддржана од инвестициите, кои се главен двигател на економијата.

Ребалансот исто така ја потврдува заложбата за стабилност на домашната економија преку поддршка на домашните компании преку евтини кредити, реализација на општински инфраструктурни проекти, како и имплементација на инвестициски циклуси и проекти со стратешките партнери, како на билатерално, така и на мултилатерално ниво.

Во состав на ребалансот, предвидени се дополнителни 800 милиони денари за зголемување на плати, 2,5 милијарди денари за исплата на зголемени пензии, нови 300 милиони денари за капитални проекти. Исто така, се вклучени и амандманите усвоени во Комисијата за финансирање и буџет, со кои се обезбедуваат дополнителни средства за инфраструктурни проекти, социјални надоместоци и образовни програми.

Станува збор за дополнителни 6 милиони денари за проектна документација за нова сообраќајница во општина Куманово во Буџетот на Министерството за транспорт, дополнителни 50 милиони денари за исплата на социјални надоместоци во буџетот на Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и 5 милиони денари за Универзитетот „Гоце Делчев“ во Буџетот на Министерството за образование и наука.

„Секоја ставка во овој ребаланс е заснована на реална потреба и на анализа на ефектите. Тоа не се трошоци, туку инвестиции во општествена стабилност, човечки капитал и инфраструктура,“ рече Димитриеска-Кочоска.

Министерката посочи и дека инфлацијата и ценовните притисоци се сериозен предизвик, но дека државата одговорила со јасни и навремени мерки.

„Во услови на инфлаторен удар, не заостанавме со ниту една обврска кон граѓаните. Пензиите, платите и социјалните трансфери се исплаќаат навремено. Тоа е одговорност, не популизам“, подвлече таа.

Во однос на обвинувањата за „предизборен подкуп“, министерката истакна дека ребалансот е дел од редовна фискална постапка која одговара на реалната економска слика.
„Во делот на приходите токму преку подобрена наплата, зајакната фискална дисциплина и подобрување на јавниот финансиски менаџмент, ние успеваме да обезбедиме средства и за развој и за социјална поддршка. И најпосле – не, со ребалансот нема да се финансираат кампањи. Ќе се финансираат проекти. Ќе се финансираат болници, училишта, патишта, градинки. Ќе се финансира развој“ кажа министерката.

Таа порача дека државата не смее да биде ставена „во мирување“ поради политички калкулации, и додаде дека е важно да се зборува со факти и визија, а не со сензационализми.
„Да направиме разлика меѓу расипничка потрошувачка и стратешки јавни инвестиции. Секој денар во Буџетот има своја функција – за здравство, за образование, за социјална заштита, за локален развој. Тоа не се трошоци – тоа се чекори кон подобро утре“, рече Димитриеска-Кочоска.

Во делот на задолжувањето, министерката потенцираше дека се работи за одговорно задолжување на домашниот пазар, со поволни услови, насочено исклучиво кон развојни проекти и капитални расходи. Таа нагласи дека јавниот долг е стабилизиран и управуван согласно фискалната стратегија, а сите обврски се сервисираат навремено.
„Овој ребаланс е изработен со фокус на реалноста, на граѓаните, на потребите на економијата. Тој е дел од визија за развој, не за застој. Тој не е совршен, но е нужен, искрен и одговорен обид да се управува со јавните финансии во една предизвикувачка година“, заклучи министерката Димитриеска-Кочоска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy