Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Не сум виновен“, тврди Ангел Самараков, обвинет за издавање службени полициски тајни!
Македонија

„Не сум виновен“, тврди Ангел Самараков, обвинет за издавање службени полициски тајни!

22/07/2025

AA

Ангел Самараков, полицаец и поранешен припадник на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, на првото рочиште закажано во Основниот кривичен суд се изјасни дека не е виновен, пишува телевизија Телма.

Тој, заедно со својот адвокат, ги отфрли обвинувањата дека се обидел да пренесе службени полициски тајни на друго лице, за што наводно требало да добие 50 илјади евра преку посредство на колешка полицајка.

Обвинителката Ивана Трајчева изјави дека обвинението е поткрепено со цврсти видео-докази на кои, како што нагласи, се гледаат конкретните дејствија на обвинетиот.

Одбраната на Самараков тврди дека доставените материјали не се документи обележани како службени тајни и предложи петмина полициски службеници како сведоци. Меѓутоа, најголем дел од нив не беа прифатени од обвинителството, бидејќи, според нив, немаат директна врска со делото.

Сведок во случајот е Благоја Коруноски, на кого, според обвинителството, Самараков му ги дал документите. Одбраната, пак, укажа дека Коруноски има пресуда од 12 години затвор за убиство во Прилеп од 2006 година, а токму Самараков бил полицаецот кој го привел при неговото бегство од затвор.

Следното рочиште, кога треба да се соочат обвинетиот и сведокот, е закажано за 14 август, поради технички проблем со репродукцијата на доказите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy