Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Уставниот суд го одби барањето на Арсовска: Нема повреда на законите со ДУП за С3 16
Македонија

Уставниот суд го одби барањето на Арсовска: Нема повреда на законите со ДУП за С3 16

28/05/2025

AA

Уставниот суд денеска едногласно донесе одлука да не поведе постапка за оценување на уставноста на Деталниот урбанистички план (ДУП) за градска четврт С3 16, кој Општина Ѓорче Петров го усвои на вонредна седница на 15 февруари 2024 година. Иницијативата за преиспитување на планот беше поднесена од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Со ДУП-от се предвидува изградба на повеќе високи згради: една со 21 кат, една со 18 ката, четири со 16 ката, две со 14, шест со 11, седум со 9 ката, една шесткатница и девет згради со по пет ката. Урбаната трансформација ќе се случува на просторот од кружниот тек кај Порта Влае до гаражите на ЈСП „Скопје“, во близина на границата со Општина Карпош.Според иницијативата на Арсовска, завршната одредба од одлуката со која планот стапува на сила со денот на донесување, а се објавува во Службен гласник на Општината, е спротивна на принципот на владеење на правото. Таа посочи и дека одлуката не била објавена на веб-страницата на Општината, што ја прави формално-правно невалидна, а недостигало и позитивно мислење од Градот Скопје. Според неа, тоа е спротивно на Генералниот урбанистички план (ГУП) на Скопје 2012–2022 и може да предизвика еколошки и безбедносни последици.

Арсовска посочува и дека со планот е предвидена изградба што надминува за 2% од законски дозволеното, а дополнително се додаваат и производни капацитети од хемиската индустрија. Тоа, како што наведува, ја загрозува темелната уставна вредност – уредувањето на просторот и заштитата на животната средина.

Сепак, судиите на Уставниот суд оценија дека со донесениот план не е повреден ниту Законот за локална самоуправа ниту Законот за урбанистичко планирање, и одлучија да не поведат постапка

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy