Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Уставен суд со одлука: Нема бензинска за „Пуцко петрол“ во Карпош
Економија

Уставен суд со одлука: Нема бензинска за „Пуцко петрол“ во Карпош

05/04/2023

AA

Уставниот суд донесе одлука да се укине Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт 3 04 блок 04.05 на Општина Карпош. Со ова аодлука се отвора патот на Пуцко Петрол да бара милионска отштета поради тоа што купила земјиште за бензинска пумпа која сега не може да ја изгради.

„Уставниот суд утврди дека  ДУП-от е неусогласен со ГУП-от бидејќи се предвидува изградба на бензинска пумпа која е објект со класа на намена Е, на место кое што е планирано за зеленило и изградба на објекти со класа на намена А и Б, односно објекти за домување и делумно комерцијални објекти“, објави Уставен суд, кој најави детали за подоцна на брифинг со новинари.

Уставниот суд на денешната седницадонесе конечна одлука за предметот во кој е оспорен Деталниот урбанистички план со бензинската пумпа на „Пуцко-петрол“ во Општина Карпош.

Во иницијативата е наведено дека оспорениот Детален урбанистички план ги руши темелните вредности врз кои е заснован уставниот поредок и дека донесената Одлука мора да биде во согласност со ГУП на Град Скопје, бидејќи просторот од градска четврт кадешто е предвидено да се гради бензинска пумпа е планиран за зеленило и изградба на објекти со класа на намена А и Б, а тоа се објекти за домување и делумно комерцијални објекти, но не и објекти со класа на намена Е-инфраструктура во која влегуваат бензински пумпи. Се наведува дека не постојат услови за комунална супструктура за намена на објекти како бензинска пумпа и секоја таква градба би ја загрозило инфраструктурата и може лошо да влијае на здравјето на луѓето и на животната средина.

Општината Карпош во два наврати донесе Детален урбанистички план со кој предвидува бензинска пумпа,а инвеститорот Пуцко Петрол го купи државното земјиште и со години не гради и се обидува преку судски пат да извлече милиони евра од општинскиот буџет.

Во целата правно-урбанистичка драма со скапа цена се вклучи Уставниот суд. Едногласно одлучија да ја прифатат иницијатива за разгледување дали ДУП-от е уставен или не.

Одлуката отвора и можност инвеститорот Пуцко Петрол да поведе нова постапка доколку планот биде поништен и како и пред неколку години да бара отштета од десетици милиони евра за изгубена добивка од бенизнска пумпа која не ја ни почнал.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СДСМ ЛИКУВА НА ПОБЕДА НА ПАРТИЈА КОЈА Е ДЕЛ ОД

14/04/2026
Македонија

Фатмир Лимани и Али Ахмети повторно кај Рама во Тирана

14/04/2026
Македонија

Филмско грабнување во Неготино: Со пиштол и црни ќеси на

14/04/2026
Македонија

АКО СЕ ПОЈАВИ ГРУЕВСКИ, ЌЕ ОДИ ВО ЗАТВОР Мицкоски не

14/04/2026
Македонија

Мицкоски: Ако се врати во Македонија, Никола Груевски веднаш ќе

14/04/2026
Македонија

Трката за минерали се засилува: каде е Македонија во оваа

14/04/2026
Македонија

Мицкоски: Очекувам Маѓар да води проевропски политики, за Груевски веќе

14/04/2026
Македонија

ПИЈАН ВОЗАЧ УДРИ ВО ПИЈАН ПЕШАК ВО ОХРИД И ИЗБЕГА

14/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42454
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СДСМ ЛИКУВА НА ПОБЕДА НА ПАРТИЈА КОЈА Е ДЕЛ ОД ЕВРОПСКАТА НАРОДНА ПАРТИЈА ВО КОЈА

14/04/2026

СДСМ и Филипче наместо да ликуваат на резултати од избори во други држави, нека си се посветат на партијата која

Фатмир Лимани и Али Ахмети повторно кај Рама во Тирана

14/04/2026

Министерот за социјални работи, Фатмир Лимани, заедно со лидерот на ДУИ Али Ахмети присуствува на „Самитот за дијаспората” во Тирана,

Филмско грабнување во Неготино: Со пиштол и црни ќеси на главата мачеле маж за да

14/04/2026

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кавадарци покрена истражна постапка против двајца мажи од демиркапиското село Корешница (на возраст од 37 и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy