Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Уставен суд не бил надлежен за уставноста – Левица оди во Стразбур за цензурата!
Македонија

Уставен суд не бил надлежен за уставноста – Левица оди во Стразбур за цензурата!

15/10/2025

AA

Од Левица реагираат на одлуката на Уставниот суд.

Тие велат дека Уставниот суд решил да ја одбие Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува на радиодифузерите за поделба на времето за рекламен простор за учесниците на изборите.

„Според ова контраверзно Упатство, иако е парламентарна партија, Левица не доби ниту една секунда простор за рекламирање на овие локални избори, а како политичка партија, Левица ни со сопствени средства, нема право на ниту една секунда – реклама, наспроти милионското расфрлање на пари од страна на ДПМНЕ и СДС.

Уставниот суд одлучи да го разгледува ова на 3 дена пред изборите и тоа: не по службена должност, туку по поднесената Иницијатива од страна на Левица.

Иако контраверзното Упатство, не е објавено во Службен весник, а по својата суштина претставува општ акт и согласно Устав мора да биде објавено за да произведува правно дејствие, ги повредува уставните начела на еднаквост и политички плурализам преку противуставната ЦЕНЗУРА, повредува меѓународни правни акти инкорпорирани во нашиот правен систем, со кои е гарантирано правото на политичко дејствување загарантирано со Европската конвенција за човекови права и со Уставот, сепак, за судиите од Уставен суд тоа не е нималку важно и штетно по уставниот поредок и „во согласност со закон“, настрана што и законот не е уставен – од причина што се работи за дискриминација на партија која е трн во око на олигархијата, нивните газди.

Цензурата на еден денес, значи режим за сите утре! Апликацијата до Европскиот суд за човекови права е во подготовка, а после денешната одлука на Уставен, убедени сме дека Република Македонија ќе загуби. 

Судот во Стразбур ќе има полни раце работа по оваа одлука, а ние нема да запреме со правната и институционална борба за основните демократски права!

Со ова Уставниот суд уште еднаш покажа дека не е на нивото да ја врши својата суштинска должност – оценувањето на уставноста на правните акти!

Судии, искинете си ги дипломите!“, велат од партијата Левица.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy