Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Условна казна за докторот кој ѝ ги извади органите на родилката, породувал жени на „црно“
Македонија

Условна казна за докторот кој ѝ ги извади органите на родилката, породувал жени на „црно“

02/02/2023

AA

Условна казна му е изречена на гинекологот Мухамед Асани, затоа што во нелегална ординација во неговата куќа, давал здравствени услуги, а меѓу клиентите беше и родилката Јалдз Веапоска, која подоцна остана без органи. Ова е исходот од првата кривична пријава која ја поднесе Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а Веапоска во изјава за „Макфакс“ вели дека е задоволна од пресудата. Сега, гинекологот не смее да направи ново кривично дело во наредните четири години, во спротивно, ќе треба да лежи затвор од две години. Пресудата е изречена во струшкиот Основен суд.

„Задоволна сум од исходот на случајот за нелегалната ординација, бидејќи му ја најдоа и го казнија за тоа што нелегално ме прегледуваше мене и сите жени во таа ординација. Таму имаше и други жени кои беа прегледувани. Верувам дека сум заштитила и други жени кои би отишле таму да се прегледуваат“, вели Веапоска за „Макфакс“.

Пресудата доаѓа две години откако ДСЗИ изврши вонреден надзор во нелегалната ординација. Тогашната директорка на инспекторатот, Ирина Сотирова – Бухова, констатираше дека гинекологот Асани имал комплетна ординација, која не била регистрирана и поднесе кривична пријава. Веапоска за „Макфакс“ додава дека ова е само почеток.

„Тоа е почеток, казната што ја доби од судот. Тоа му е прва пресуда. Дај Боже на пресудата за вадењето на моите органи, да се казни со затвор. Сакам повеќе да не е доктор. Да не осакатува други жени. Затоа и тргнав во оваа работа“, додава родилката.

Мухамед Асани беше директор на струшката болница. По јавното обелоденување на случајот со Ваепоска, тој беше разрешен. Според родилката, тој и натаму работи во болницата и обавува обврски како доктор. Со оваа пресуда не му е изречена забрана за вршење дејност.

Ваепоска води уште една битка пред струшкиот суд. Тој се гони затоа што по породување со царски рез во струшката болница, и извадил три органи на Веапоска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕЛЕНОВСКИ ГО УЧИ ФИЛИПЧЕ ШТО ЗНАЧИ ФРАЗАТА „ШЛЕПЕРОТ И ЖАБАТА“

03/10/2026
Македонија

УАПСЕН БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИН НА ГП „БОГОРОДИЦА“ Имал фалсификувани документи

03/10/2026
Македонија

БУГАРИЈА ЌЕ ДОБИЕ КОСКИ АМА НЕ ЗНАЕ ДАЛИ СЕ ОД

03/10/2026
Македонија

СТУДЕНО УТРО, А ПОТОА ВИСОКИ 27 СТЕПЕНИ Голема температурна разлика

02/10/2026
Македонија

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА ПОПОВА ШАПКА Нема повеќе долги чекања за

02/10/2026
Македонија

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА СО ЈАСНА ПОРАКА ДО ФОН ДЕР ЛАЈЕН Македонија

02/10/2026
Македонија

ДРУГАРЧЕ НА ЗАЕВ ЈА ДЕЛЕШЕ ИНДИЈА, ПА СЕГА И НАС

02/10/2026
Македонија

37 ЛОКАЦИИ ПРЕТРЕСЕНИ, 21 ОСОМНИЧЕН, НАЈДЕН СЕФ СО НАД 50.000

02/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45952
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕЛЕНОВСКИ ГО УЧИ ФИЛИПЧЕ ШТО ЗНАЧИ ФРАЗАТА „ШЛЕПЕРОТ И ЖАБАТА“ Му советува да се распраша

03/10/2026

Венко, како претседател на СДСМ, кога другпат ќе цитира познати реченици од минатото на СДСМ, како што и сам кажа,

УАПСЕН БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИН НА ГП „БОГОРОДИЦА“ Имал фалсификувани документи

03/10/2026

Бугарски државјанин е уапсен на граничниот премин „Богородица“ поради сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“, соопшти Министерството за внатрешни

БУГАРИЈА ЌЕ ДОБИЕ КОСКИ АМА НЕ ЗНАЕ ДАЛИ СЕ ОД САМОИЛ Не е направена ДНК-анализа

03/10/2026

Бугарија не направи ДНК-анализа на посмртните останки што ќе бидат донесени во Бугарија за да се потврди дали му припаѓаат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy