
УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ „УВЕЗУВА“ РАБОТНИЦИ: Им требаат градежници, заварувачи, бравари…
Во регионот, уште една земја има потреба од повеќе странски работници. Станува збор за Босна и Херцеговина(БиХ). Државата бара зголемен увоз на странски работници.
Министерскиот совет на БиХ ја утврди квотата на работни дозволи за 2025 година и вкупниот број е 7.229. Од нив, 4.490 се однесуваат на ФБиХ, 2.000 на РС и 739 на округот Брчко во БиХ.
Најголем број дозволи се издадени на градежниот сектор (1.727), преработувачката индустрија (887) и хотелиерството и угостителството (584), а најбарани занимања се: градежни работници, заварувачи, бравари, готвачи, келнери и возачи на камиони.
И Хрватска увезува работна сила од странство, како и Србија. Во Македонија дел од странските работници, дојдоа па избегаа во други земји.
foto freepik.com/prostooleh
