
Уште една земја ќе увезува евтина руска нафта
Уште една држава ќе увезува евтина руска нафта. Станува збор за Пакистан.
Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф денеска изјави дека е постигнат договор Пакистан да ја добие првата пратка руска нафта. Пакистан ќе купува само сурова нафта, а не нафтени деривати.
„Додека зборуваме, руската нафта се товари за да биде испратена овде“, изјави премиерот во парламентот.
Министерот за нафта Мусадик Малик минатата недела кажа дека Пакистан ја купил првата пратка руска сурова нафта по намалена цена. Исламабад сака да увезува 100.000 барели дневно доколку првата трансакција тече без проблеми. Првата пратка ќе пристигне во пристаништето Карачи идниот месец.
Учеството на земјите од ОПЕК во увозот на нафта од Индија во фискалната 2022/2023 година е најниска во последните 22 години, затоа што индискиот увоз на поевтина руска нафта скокна. Поради војната во Украина, Русија е под санкции, а Европа се стреми да биде енергетски независна.
